Последниот поен на Македонија за делириум на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација направи сензација на деби настапит на Европското првенство. Во Стожице го урнаа домаќинот Словенија кој важеше за апсолутен фаворит. Одбојкарите се во транс и со шанси за пласман во осминафинале.

Репрезентативецот Филип Деспотовски по средбата изјави дека не се добра, туку ненормална репрезентација. Мислел дека ќе ги добијат Турција и Финска, а ги победија Белорусија и Словенија со како што вели тој со дрскост, напад, желба, одбрана…  

Македонија ја победи Словенија со 3:1 и тоа со феноменален пресврт во четвриот сет. Губеше 23:20, а на крај славеше со 26:24 со херојски блок. Ајде овие сцени нека бидат пресвртница за нашата репрезентативна одбојка која ја израдува Македонија на нивното прво учество на Европските првенства.

Поенот за 2:0

Херојскиот блок за победа 

„Брат, виде ли како ги тепавме среде Словенија. Баш ми е мерак. Двапати ги водевме по 2:1 и на крајот загубивме со 2;3, но сега тоа се врати. Ние имаме срце планина. Како минуваше времето, знаев дека ќе играме уште подобро. Ние можеме, ние знаеме и никогаш не губиме и не играме лошо во одлична атмосфера. Многу сум среќен, сакав да заплачам, но немам солзи од замор. Ова е најдобриот натпревар и психички најтешкиот. Едноставно немаше слаб играч во нашата репрезентација“, изјави емотивно Ѓорѓиев за МТВ.

За историски пласман во осминафинале Македонија утре ќе мора да чека Турција да ја победи Финска.

17 септември 2019 - 22:56