Тешкиот пат на Ѓоковиќ до победата на Вимблдон 2018

Новак Ѓоковиќ стигна до 13. Гренд Слем титула во кариерата, издвојувана по многу тежок период во животот. Признава дека на моменти се сомневал дали ќе успее да продолжи по шампионскиот пат. Се борел да ја надмине повредата на лактот, имал психолошки блокади, а истовремено сакал да се покаже како добар татко. Најдобриот српски тенисер се отвори на Инстаграм.

„Драга фамилијо и пријатели
 
Ви го пишувам ова помеѓу паузата на менување пелени и читање книги за диносаурусите.
 
Би сакал да споделам со сите вас како се чувствував низ патувањето до победата на Вимблдон 2018.
 
Пред се дозволете ми да ви пренесам дека чувството да го гледам мојот син во рацете на мојата сопруга на церемонијата на доделување пехари, беше најпрекрасното чувство што сум го имал на секој турнир што сум го освоил во кариерата.
 
Кога станав татко, еден од моите најголеми соништа ми беше додека играм на трибина да седат моите деца, а камоли да освојувам трофеи. Тој сон ми се оствари пред неколку дена. Сите бараат од мене да го опишам чувството. Реков дека е незаборавно, посебно, исполнето, прекрасно, радосно. Но најмногу од сè, тоа е магично. Кога мислев дека тој момент не може да се подобри, тој извика: Тато, тато. Тогаш бев целосно стопен и преполн со емоции, среќен и радосен. Толку сум благодарен што го доживеав тоа.
 
Замислував и се молев дека еден ден ќе освојам Гран Слем трофеј пред моето дете. За среќа, Тара расте и едвај чекам да ме види како го правев тоа, како што го правев пред Стефан. Мојата целина (повеќе или помалку) беше тенисот се додека не станам татко и сопруг. Сè што направив беше насочено кон тенискиот успех.
 
 
Кога станав татко и сопруг, мојот свет се разви. Не се промени, туку се претвори во нешто поубаво. Секако дека има повеќе одговорности, но на крајот на денот тоа ја отклучува новата димензија на љубовта и енергијата во вас за која не се знаеле дека постои.
 
И најголемиот дар што го добивате од Бога е зголеменото чувство и посветеност на вашите деца. Но не е сè јасно кога ќе станете татко. Потребно е учење и отвореност за да се достигне таа златна рамнотежа во животот за која сите се стремат. За мене тоа беше баланс меѓу тенисот, приоритетите и семејството. Мојата сопруга ми помагаше и ме поддржуваше по целиот пат откако ги роди Стефан и Тара. Секогаш издвојуваше време за да позборува со мене и за да ми помогне да најдам начин во кој ќе можам дека го давам најдоброто дома со децата и неа и во тенисот.
 
Во 2017-та, повредата на мојот десен лакт беше толку сериозна што бев принуден да не се натпреварувам 6 месеци. Повредата беше еден од проблемите, а другиот беше мотивацијата. Немав проблеми да вежбам и да уживам на тениските терени, но имав психички пречки со кои морав да се натпреварувам.
 
Еден ден ќе споделам подетално со какви предизвици морав да се соочам и како се чувствував.
 
Отсекогаш ги почитував луѓето што ги споделуваат своите најранливи моменти како нивни пресвртници во изнаоѓање вистинска сила која инспирира толку многу луѓе. Бев ранлив толку многу пати во последните неколку години. И јас сум уште ранлив. Не се срамам од тоа. Напротив ме прави поверен за мене и другите. Тоа ми овозможува да се доближам до луѓето. Ми дозволува да копам длабоко што навистина се случува со мене. Кога ќе до најдам тоа, можам да создадам стратегија за надминување на ова прашање и да продолжам посилно, поумно и како посреќно човечко суштество.
 
 
Последниве две години, не бев трпелив со моите тениски очекувања. Не бев мудар во стратегијата и не ми беше јасно дека моето тело ми кажува дека има нешто сериозно што се случува со мојот лакт. Се обидував да најдам решенија на друго место.
 
По многу промени направени со тренинзи, рекети, членови на тимот, не знаев дали ќе бидам во можност да се вратам на посакуваното ниво. Всушност, еден дел од мене секогаш верува во моите сопствени квалитети и способности. Но имаше многу сомнителни моменти кога текот на акцијата можеше да се појави на различни начини.
 
За среќа, имав помош од сите божествени сили што ме водеа во вистинската насока која е добра за мене. Онаа што ќе ми донесе мир и рамнотежа.
 
Свесен сум за напорите и посветеноста што многу луѓе ја дадоа за мене последните неколку години, за да можам да се вратам на нивото кое ми носи Гренд Слем титула.
 
Би сакал да ја проширам мојата најголема благодарност, почит и љубов кон сите луѓе кои веруваат во мене и ми помогнаа да освојат уште еден трофеј на Вимблдон.
 
Јас сум толку благословен што одам низ ова неверојатно патување и да бидам поддржан од многу луѓе од цел свет“.
 
Те сакам
Го сакам тенисот
Го сакам животот
 
Новак
20 јули 2018 - 13:33