Овој пак скрена, ама повеќе од претходниот пат

И да победува и да губи, Ник Кирјос паметот секако го губи. Нов турнир, нови испади на Австралиецот со грчко потекло на кој веќе не знаеме кај ќе му биде крајот со вакво дилетантско однесување.

Од Монтреал, Кирјос се префрли на Синсинати, ама не е повеќе дел од турнирот бидејќи елиминиран е од Русинот Качанов. Кога тој е дел од некој натпревар, нормално никој не зборува за тенис, туку за неговото ненормално однесување кое потоа се шири низ твитер.

Кога нешто нема да му тргне, дежурни кривци му се секогаш судиите кон кои нема никаков респект. Апсолутно ѓурбе му рече на овој.

На крај очекувано не го ни поздрави туку му рече дека бил “заебана алатка“ и плукна накај него.

Еве и со звук

А знаете ли за што ја искористи паузата за одење во тоалет? За да рокне два рекети од земја. И се врати мртов ладен, како да ништо да не било, а судијата го пријави преку радио станица.

15 август 2019 - 10:32