Спортот ќе ги смирува

Олимпијадата 2018 во Северна Кореја?

Иако нам ни делува светлосни години далеку помирувањето меѓу Јужна и Северна Кореја, двете земји имаат еден куп заеднички појавувања на големите спортски настани и тоа под обединето знаме, а еднаш освоиле и златен медал на Олимпијада.

На 7 месеци до почетокот на Олимпијадата во Пјонгјанг, Јужна Кореја направи голем исчекор со до скоро незамислив предлог кон северниот сосед - да земе дел од домаќинството на Зимските Олимписки Игри на своја територија и да учествуваат заедно во некои спортови.

Вакво нешто би довело до сериозен траен мир после 70 години од крвавата разделба меѓу двете држави. Иако останува уште малку време за преговори, раководството на МОК ја поддржа идејата - големата шанса да се донесе мир на Корејскиот полустров е поважен од било какви технички одложувања.

КАКО ТОА СТАНА ВОЗМОЖНО?

На крајот од пролетта годинава, претседател на Јужна Кореја стана Мун Че-Ин, човекот кој долго се залагаше за обединување со соседите - преку тн. „Политика на сончевиот свет“.

Неколку недели подоцна, ѝ пружија рака на помирување на Северна Кореја, рака која симболизира мир затоа што им понудија да учествуваат во организацијата на Олимпијадата 2018. година. Секако ова не е политика на заборавање на сите проблеми, туку гест на добра волја.

„Се надеваме дека ќе може да ги ублажиме затегнатите односи. Сакаме во 2018-та да одржиме Светски игри“, изјави министерот за спорт на Јужна Кореја, То Чон-Хван.

Пјонгчанг, кому му претстои зимската Олимпијада во февруари догодина, се наоѓа на 64 км од демилитаризираната зона - официјално маркирана граница од 4 километри која што го дели полустровот.

Од 1950-та сите преговори меѓу претставниците на двете држави се одржуваат таму, во таа зона. Ако сега се договорат, спортистите од Северна Кореја конечно ќе можат да ја прејдат границата и да отидат во Северна Кореја.

ШТО КОНКРЕТНО ПРЕДЛОЖИЛА ЈУЖНА КОРЕЈА?

1) Одржување на скијачки трки во Северна Кореја. Пред три години на 180 километри од Пјонгјанг се отворил голем зимски центар со одлични патеки - вкупната должина на сите стази била 110 километри и се наоѓаат на идеална надморска висина од 1.200 метри.

2) Да направат една заедничка, обединета женска селекција во хокеј, но овој предлог Северна Кореја го одбила:

„Во 1991 година собравме обединета екипа за Светското првенство во пинг-понг. За такво нешто ни требаа 22 рунди преговори за пет месеци. Сега немаме толку време“, соопштил претставникот на С. Кореја во МОК, Чан Ан.

3) Заедничка кандидатура за организација на Светско првенство во фудбал 2030 година - на големиот јубилеј 100 години од првиот Мундијал во историјата. За оваа иницијатива претседателот на Јужна Кореја, Мун Че-Ин вели:

„Ако соседите на северо-истокот од Азија, заедно со Јужна Кореја и Северна Кореја би организирале светско првенство, тоа би донело мир на сите во регионот“.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфатино се заинтересирал за оваа идеја, но светлосни километри е далеку некакво решение. Вакви обиди за „опипување“ на пулсот на ФИФА имаа и Кина и Јапонија кои сакаат заедничка организација на Мундијал.

КАКО РЕАГИРАЛЕ МОК И СЕВЕРНА КОРЕЈА?

Иако Северна Кореја се уште не потврдила учество на евентуални преговори, самата идеја е чекор напред.

Минатата пролет Северно Корејеанците се согласија да пуштат спортисти на Игрите-2018 но никој се уште не се квалификувал. Во Сочи минатите ЗОИ не настапи ниеден претставник од Северна Кореја, а зимската статистика не им е којзнае каква: едно сребро и една бронза во целата историја.

Но за крајната цел - мирот, МОК е спремен да им ги укине квалификациите на Северно Корејците така што би можеле да се појават на територија на соседот во февруари.

ЈУЖНА КОРЕЈА И СЕВЕРНА КОРЕЈА ВО СПОРТОТ

1986: Сеул домаќин на Азиските игри - Северна Кореја бојкотирала;

1988: Сеул домаќин на летна Олимпијада - Северна Кореја бојкотирала иако едно време ја разгледувала варијантата за ко-организација на Игрите;

1991: Првпат двете земји обединиле една селекција - тоа било Светско првенство во пинг-понг во Јапонија. Женската репрезентација го освоила златото;

1991: Двете земји обединето пратиле заедничка репрезентација на младинското Светско првенство во фудбал во Португалија и оваа селекција стигнала до четвртфиналето;

2000: На церемонијата на отворање и затворање на Игрите во Сиднеј, Корејците парадирале под „обединето знаме“ на кое бил целиот полустров;

2002: Јужна Кореја, која заедно со Јапонија го организираше Светското првенство, стигна до полуфиналето, а Северна Кореја во исто време го нападнала соседот на вода.

Во битката за спорната граница загинале 6 јужно-корејски морнари. Тогаш постоеше верзија дека Северна Кореја го нападнала соседот од љубомора поради големиот успех на Светското.

2002: Пусан ги организираше Азиските Игри на кои настапија спортисти од Северна Кореја. На церемонијата на отворање и затворање, двете делегации парадираа заедно.

2003: Ситуацијата се повтори и на студентските игри во Тегу (Јужна Кореја);

2004: Спортистите од двете земји заедно се појавија на церемонијата на отворање и затворање на Олимпијадата во Атина;

2005: Инчон го организираше атлетското првенство на Азија - Северна Кореја играше на овој турнир. Во групата на поддршка на делегацијата тогаш била и Ли Сол Џу - денес жена на Ким Џонг Ун;

2006: Како и во Атина, така и на Игрите во Торино делегациите заедно парадираа на церемонијата на отворање и затворање на крајот;

2007: Последниот заеднички марш - на Азиските зимски игри во Кина;

2014: Инчон беше домаќин на Азиските игри каде настапуваше и Северна Кореја. Веднаш после тој турнир имаше серија на средби меѓу делегации од двете држави;

2017: Пар преминувања на границата од страна на спортисти - хокеарките на Северна Кореја биле во Јужна Кореја, фудбалерките на Јужна Кореја биле во Северна Кореја. Исто така и репрезентацијата на Северна Кореја по таеквондо настапила на турнир во Јужнокорејскиот град Муџу.

Април 2017: Репрезентацијата на Северна Кореја во хокеј на мраз отпатувала на југ за да учествува во квалификациски меч за Светско првенство, а женската фудбалска репрезентација од Југот заминала на север да игра квалификации за Купот на Азија.

Тензиите сега се големи меѓу Северна Кореја и САД, поради што како што пишуваше The New York Times, Меѓународната џудо федерација го преселила младинското Светско првенство од Пјонгјанг во Хрватска, токму поради тензичната политичка ситуација.

Како и да биде, МОК ќе треба да вложи дополнителни напори за идејата да се реализира во дело затоа што веќе неколку земји најавија дека би ги бојкотирале скијачките натпреварувања во јужно-корејскиот Масикрен.

11 јули 2017 - 13:02