Олимпијада без хокеј к’о подрум без ајвар

За време на неодамнешната посета на Канада, претседателот на Светската хокеарска федерација Рене Фазел соопштил дека Меѓународниот Олимписки Комитет размислува за сериозни измени во машкиот хокеарски турнир на Олимпијада.

Меѓународниот олимписки комитет планира или репрезентациите во хокеј да играат со играчи до 23 години како што е со фудбалот или целосно да го тргнат овој култен олимписки спорт.

Зошто?

Радикалните сценарија за сега во МОК ги отфрлаат: хокејот (и машки, и женски) е вклучен во програмата за Олимпијадата 2022 во Пекинг. Но односот меѓу олимпиското движење кон овој спорт е далеку од идеално така што не би било чудно ако се разделат.

МОК НЕ ГО ПОСЕДУВА ХОКЕЈОТ

Швајцарскиот хокеарски сојуз упати многу праведни критики. Пред Олимпијадата во Пјонгчанг Меѓународниот Олимписки Комитет покажал апсолутна несериозност за време на сериозните преговори за настап на играчите од американската НХЛ за своите репрезентации.

Првиот човек на Светската хокеарска федерација Фезел изјавил дека МОК не сака ниту да плати осигурување за хокеарите кои би дошле на Олимпијада, ниту да им компензира за превоз, ниту да потроши цент за најдобрите светски хокеари да дојдат на Олимпијада.

Според Фезел не е реално едно Светско првенство (во Данска) да биде далеку подобро организирано од една Олимпијада на која се чека со години и која има огромен буџет (околу 71,4 милиони американски долари годишно).

„Ќе преговараме уште, но постои варијанта и на Олимпијадата да играат јуниори како во фудбал. Ако МОК не сака ништо да плати и ништо да не преземе, можно е хокеарите да останат дома и на Олимпијада да пристигнат само хокеарките.

ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВА ОЛИМПИСКИОТ ХОКЕЈ:

1. Олимпијадите многу ретко се играат во хокеарски земји. Не може да замислиме Светско во фудбал да се игра постојано во Индија или во Монголија.

Ванкувер 2010 и Сочи 2014 беа единствени исклучоци а во Кореа видовме полу-празни трибини и камерна атмосфера. Плус неудобен термин за пренос на телевизија во другите земји каде хокејот има сериозен рејтинг. Плус-минус вака ќе биде и во Кина 2022.

Но и во Европа хокејот си има свои падови. На пример на Зимските Олимписки Игри во Торино 2006 година, мечот Русија - Канада се играл во сала која собира 4.500 гледачи а преносот бил вршен од конференциски центар. Не баш совршено место за еден од главните дерби дуели во четири години.

 2. Се смета дека хокејот е главен настан на зимската Олимпијада. Но според односот на организаторите на Игрите, хокејот не е број еден.

3. Има уште еден повод во полза на Игрите а да не е ноќниот термин: во февруари играчите се наоѓаат во оптимална форма затоа што тогаш се играат завршните фази од сите најголемите првенства. Но во отсуство на НХЛ играчи ова нема некое значење.

12 септември 2018 - 16:29