Окта сигурни во дуелот со ТАВ

Во четвртиот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ, Окта и ЈП Водовод.

Во фер плеј натпревар Фабрика Карпош – ГИМ подобри од МЕПСО

Фабрика Карпош – ГИМ 7-4(3-1) МЕПСО

Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 8’ Кристијан Панев 18’ 28’ 37’ Филип Илиевски 5’ 33’ 39’

МЕПСО: Ѓоко Јанакиевски 35’ 37’ Слаѓан Ѓоргиевски 18’40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и МЕПСО во кое преовладуваше фер плеј. Екипата на Фабрика Карпош уште на самиот старт ја превзеде иницијативата, се префрли на портивничка половина и вршеше силен притисок кон голот на МЕПСО што вроди со плод во 5та минута за водство од 1-0. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош имаше повеќе од играта и покрај обидите на МЕПСО па на паузата замина со предност од 3-1. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош имаше целосна контрола врз играта и резултатот и заслужено го доби овој натпревар со 7-4.

Окта сигурни во дуелот со ТАВ

Окта 11-2(6-0) ТАВ

Окта: Драганчо Стојановски 2’ 39’ Славчо Стојковски 30’ Драганчо Ѓорѓиевски 20’ Наум Костовски 6’ 26’ Иван Димитриевски 4’ 12’ Јасмин Личина 8’ 27’ 40’

ТАВ: Тодорче Насковски 30’ 33’

Екипата на Окта одлично го отвори натпреварот против екипата на ТАВ, па веќе во 8та минута имаше високо водсво од 4-0. Екипата на ТАВ на сите можни начини се обидуваше да се врати во игра, но екипата на Окта со одлична игра во сите сегменти не остави многу простор за игра за екипата на ТАВ па го доби полувремето со високи 6-0. Во второто полувреме екипата на ТАВ започна со агресивна игра обидувајќи се да ја намали високата негатива од првиот дел, но екипата на Окта со одлична игра во одбраната не дозволи изненадување а преку контра напади успеваше да казни за победа на овој натпревар од 11-2.

Во драматична завршница Водовод дојдоа до победа над Уни Банка

Уни Банка 3-4(2-2) Водовод

Уни Банка: Ѓорѓи Пецевски 8’ 16’ Ненад Саздовски 31’

Водовод: Стефан Вангелски 14’ Авни Ајвази 4’ Арслан Бејта 22’ 39’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Водовод, прва до предност дојде екипата на Водовод со погодокот на Ајвази во 4та минута. Екипата на Уни Банка за кратко време се врати од овој шок па со погодокот на Пецевски во 8та минута дојде до израмнување. Кон средината на полувремето поточно во 14та минута екипата на Водовод успеа да реализира еден контра напад и со голот на Вангелски да дојде повторно до предност од 1-2. Во 16та минута Пецевски успеа да освои една топка и со одлична транзиција во нападот да постигне ефектен гол и да дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Водовод успеа да постигне погодок и да го превземе водството, по оваа негатива екипата на Уни Банка започна со поагресивна игра и вршеше жесток притисок кон голот на Водовод, а екипата на Водовод успеваше да додолее се до 31та минута кога Саздовски стрелаше за израмнување на 3-3. Последните минути од натпреварот беа вистинска драма во која и двете екипи имаа одлични прилики но сепак на крајот екипата на Водовод имаше повеќе од играта па со резултат од 3-4 го зема целиот плен.

22 ноември 2019 - 16:13