Одржан третиот алпски Куп во Маврово

Во организација на Ски клубот Меденица и Скијачката федерација на Македонија во Маврово се одржа третиот последователен Алпски Куп во дисциплините велеслалом и слалом, на кој учествуваат скијачи на возраст до 16 години.

Ски центарот Заре Лазарески беше домаќин на овогодинешниот Алпски Куп, а на него учестваа 98 деца, кои официјално беа поделени по возраст U14 и U16, и во машка и женска конкуренција.

По успешното комплетирање, организаторот порачува:

„Факт кој радува е дека од година во година бројот на учесници расне и интересот за скијање кај младите е во нагорна линија. Ски клуб Меденица ќе настојува овој куп да прерасне во традиција.“

25 јануари 2019 - 14:49