Од Северна во Јужна Кореа дошле и навивачки кои прекрасно пеат

Најнеобична поддршка на ЗОИ во Пјонгчанг се 230 навивачки на Северна Кореа кои дошле на Игрите облечени во исти палта и црни шапки.

Ова не е првпат Северна Кореа да праќа навивачки на меѓународни турнири, но првпат се појавуваат на една Олимпијада.

Една од учесничките во групата која учествувала на шампионатот на Азија по атлетика во 2005-та во Инчон е Ли Сол Чу. Таа во 2009-та му станала сопруга на лидерот на Северна Кореа Ким Џонг Ун.

Навивачките на Северна Кореа на некој начин дебитираа на Олимпијадата на мечот на женските обединети селекции на Кореа (Северна и Јужна како некогаш играат заедно во една репрезентација) против Швајцарија.

Во еден момент мавтаа со знамето на обединета Кореа:

Мечот, на нивна жал заврши 8-0 за Швајцарките кои се меѓу фаворитите за медал на женскиот хокеј на Олимпијадата.

12 февруари 2018 - 10:48