Норвежаните поради грешен Гугл превод добиле еден тон јајца

Норвешкиот Олимписки тим којшто пристигнал во Пјонгчанг на Зимската Олимпијада не можел да поверува што се случува кога на нивните готвачи поради грешка во преводот им стигнале 15.000 наместо 1.500 јајца. Снабдувачите и готвачите на тимот се изненадиле кога домаќините им истовариле цел шлепер јајца: „Немаше крај на доставата“, вели шефот на Нордискиот тим.

На целата мака дознале дека едно јајце тежи 75 грама што е повеќе од вообичаеното и дека ќе им останат дури и помалку од првичната нарачка. 13,5 илјади јајца ќе ги вратат а остатокот ќе го користат за готвење. Нордискиот тим смее да јаде омлет, варени јајца и пржени. Олимписките игри во Пјонгчанг (Јужна Кореја) почнуваат на 9. февруари и завршуваат на 25. февруари.