Ноле ќе ме извиниш ама морам да се пресоблечам

Во тешки временски услови, Новак Ѓоковиќ го совлада Џон Милман со 3:0 и се пласираше во полуфиналето на УС Опен каде ќе се сретне со Нишикори. Новак призна дека било прежешко и дека рекетот му се лизгал од раце, а Австралиецот кој го изненади Федерер во четвртфинале денеска е хит број 1 со видеото кое се рашири.

„Целиот сум мокар, тече вода од мене, дали може да прекинеме малку за да се пресоблечам. Кога топчето ми е в џеб, пред да сервирам морам да го исцедам од вода“, му рече Џон на Новак кој без проблем прифати.

6 септември 2018 - 13:22