Ник Кирјос - пакосен морон уште од мал

Мајка му на Ник Кирјос неодамна постирала фотографија од син ѝ на мали години и напишала: „Тој не јадеше погрешна храна, само јадеше премногу добра храна. И поради тоа што беше буцко, го маваше топчето силно и прецизно, секогаш во аголот од теренот за да не мора да трча назад“.

Ник Кирјос одново ја запрепасти светската јавност, не само со намерното лупање топче во градите на Надал кој чудно го погледна, туку и со изјавата по мечот:

„Намерно сакав да го погодам во гради. Што има да му се извинувам? Колку Гренд слема има? Може да го прими топчето на гради“, рекол Кирјос пред новинарите.

Кретенот како мал:

Кирјос, кој изгуби од Надал 3:1 во сетови и испадна од Вимблдон имаше идиотски однос и на пресот каде на еден новинар му рече: „Многу си возбуден што поставуваш вакво прашање, изгледа стварно ти е досадно во животот“.

Пред крајот на пресот, една новинарка му го постави сто пати вергланото прашање дали тоа што пиел во еден паб, каде го виделе вечерта пред мечот со Надал, влијаело да изгуби? Овој ја препозна од пабот:

5 јули 2019 - 10:48