Ник Кирјос направи шоу во Мелбурн на сервирање

Контроверзниот Австралиец кој често се глупира на терен, овој пат ја фрли публиката во транс. Кирјос стартуваше успешно во првото коло на Австралија опен, со победа над Лиам Броуди од Велика Британија од 3:0 во сетови, а во еден момент сервираше за овации.

И покрај тоа што е познат по тоа што не го трпи Ѓоковиќ и често го плука во изјавите, овој пат беше еден од ретките тенисери кој јавно му даде поддршка. Во второ коло ќе има многу тешка задача, бидејќи ќе се соочи со вториот светски рекет Данил Медведев. 

Да беше само сервисот 

18 јануари 2022 - 12:23