Ноле испадна од Дел Потро

Најтешкиот пораз во кариерата на Ѓоковиќ

По синоќешниот пораз од Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро (7:6, 7:6), целиот свет можеше да види како изгледа кога на најдобриот му се сруши целиот свет.

Турнирот во Рио го заврши и најдобриот тенисер на светот и тоа уште во првото коло. Новак во својата кариера потклекнуваше во големи финалиња, но ретко кога го напушташе теренот во солзи. Во Рио де Жанеиро синоќа не можеше да се воздржи и заплаче. Публиката со аплаузи го испраќаше од Централниот стадион, а Ноле ги бришеше солзите.

Дел Потро одигра совршен меч, го играше можеби најдобриот тенис во кариерата и заслужено после два часа и 29 минути победи со 2:0.

Немаше брејкови, а за односот на силите зборува поголемиот број на винери на Делпо и помалиот број на неизнудени грешки. Како ретко кога, Ѓоковиќ не зема ниту еден брејк, а Дел Потро имаше седум шанси за тоа.

Во нивниот 15-ти меѓусебен дуел, Аргентинецот победи четврти пат, и тоа трет пат бранејќи ги боите на Аргентина. Дел Потро го победуваше Ѓоковиќ во Лондон кога играа за бронзата, како и во Комбанк арената во Дејвис Купот. Последен пат Аргентинецот го победи Новак на Индијан Велс во 2013. година.

Триумфот на Дел Потро е до толку поголем ако се знае дека паузираше повеќе од една година поради повреда и во Рио дојде како 145. играч на АТП листата.

Ѓоковиќ ги заврши настапите и тениската селекција на Србија после првото коло нема ниту еден претставник во сингл а имаше пет претставници (Виктор Троицки, Јелена Јанковиќ, Ана Ивановиќ и Александра Круниќ). На Ноле сега му останува шансата во дубл заедно со Ненад Зимониќ евентуално да стигне до медал.