Седумте најголеми измами во спортот

Сите овие лажги кои ги носи спортот низ историјата се недолични за некој кој професионално се бави со оваа работа. Од овие примери нас познат ни е само тој со голманот во Шведска, финта која тешко проаѓаше и на фудбал во маало.

1. Кубанската атлетичарка Роси Руиз е победникот на маратонот во Бостон во 1980 година. Таа успеала да го поправи својот личен рекорд од дури 25 минути. По осум дена Роси останала без титулата бидејќи истрагата покажала дека за време на трката користела метро.
 
2. Боксерот Луис Ресто на 16 јуни 1983 година убедливо го победил до тогаш непоразениот Били Колинс јуниор. Потоа е откриено дека во ракавиците користел гипсан завој.
 
 
3. Во 1989 година чилеанскиот голман Роберто Ројас, падната бакља на терен ја искористил за да си го повреди лицето и со тоа дојде до прекин на мечот против Бразил.
 
 
4. Најголемиот скандал во уметничкото лизгање се случил во 1994 година кога сопругот и телохранител на Тона Хардинг ангажирал човек да ја повреди нејзината главна конкурентка. Хардинг добила доживотна забрана за натпреварување.
 
5. Шпанија освои златен медал на кошаркарскиот турнир на Параолимписките игри во Сиднеј 2000 година. Меѓутоа само двајца членови на репрезентацијата биле инвалиди.
 
 
6. Голманот на Гетеборг Ким Кристенсен го смали својот гол на еден меч во 2009 година. Судијата мораше да ја врати стативата на старо место.
 
 
7. Белгискиот велосипедист Фемке ван дер Дрише заработи суспензија од шест години откако на Светското првенство во Белгија користела велосипед со мотор.
24 јули 2016 - 09:14