Најголемиот малер на Вимблдон

Иако остана во сенка на историскиот дуел Ѓоковиќ-Федерер, финалето на Вимблдон во двојки во машка категорија беше многу интересно за гледање. Одново, како пред 9 години, најголем баксуз на турнирот беше Французинот Никола Мау.

Дуелот меѓу Французите Никола Мау и Едуард Роже Васелин против Колумбијците Хуан Себастијан Кабал и Роберто Фарах траеше цели 5 часа, се одиграа 5 сета и 4 тај-брејка. На крајот првиот Гренд слем во кариерата го освои дублот Кабал/Фарах од Колумбија.

Ова финале во дубл беше многу малерозно за Никола Мау, еден од подобрите француски тенисери. Тој во првиот сет доби смеч во главата. Поради тоа мечот беше прекинат на неколку минути, а Никола го прегледуваа лекарите кои проверувале дали има потрес на мозок

Во вториот сет, кога Колумбијците го направија решавачкиот брејк, Мау повторно настрада:

А набрзо, по трет пат го лупнаа и тоа најболно. Го погодија со сета сила во незгодно место. За незгодата доволно збореше изразот на лицето на актерот Вуди Харелсон во публика:

За потсетување на оние кои заборавиле или можеби не знаат, Никола Мау е тенисерот кој во 2010-та година го играше најдолгиот меч во историјата на Вимблдон, цели 11 часа против Џон Изнер, и погаѓајте - изгуби.

А колумбискиот тандем Кабал - Фарах покажа дека тенисот не е баш така наивен спорт иако нема директен контакт како во останатите спортови. Двајцата немаа милост ни во полуфиналето на Вимблдон, кога настрада Равен Класен:

16 јули 2019 - 14:26