Најемотивниот говор во кариерата на Федерер кој едвај зборуваше од плачење

Маестралниот Роџер Федерер и официјално се збогува со професионално играње тенис во една од најемотивните тениски ноќи.

Швајцарскиот ас се повлекува на 41 година со последниот тениски танц кој го одигра на Лејвер Купот во Лондон кој се одржува по петти пат меѓу тимот на светот и тимот на Европа.

Заминува горд, пресреќен и со многу емоции. Се гушкаше со Надал, Ѓоковиќ, Мареј, Циципас и останатите, а 17.000 гледачи го испратија со скандирања и овации.

И покрај тоа што не е во натпреварувачки ритам и направи три операции на коленото, Федерер издржа три долги сета и загуби од Џек Сок и Френсис Тијафоу со 4:6, 7:6, 9:11.

Тоа беше меч број 1.750 во неговата долга 24 годишна кариера. Дебитираше на 16 години во 1998-ма. Првата Гренд слем титула ја освои во 2003-та на Вимблдон, а последната 20-та на Австралија опен во 2018-та.

Роџер липаше за време на говорот кој неколку пати го прекинуваше од што не можеше да збори, а се расплака и Рафа. Присутно беше и неговото семејство, како и родителите. 

24 септември 2022 - 08:45