Макпетрол со одлично второ полувреме до победа над Аџибадем Систина

Екипите на Алкалоид, Џонсон Мети и Макпетрол славеа победи во првиот ден од 21. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Макпетрол со одлично второ полувреме до победа над Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 4-8(1-1) Макпетрол

Аџибадем Систина: Злате Бошковски 20’ Ивица Петровски 33’ Игор Ѓоршиевски 22’ Кристијан Димковски 26’

Макпетрол: Александар Мишовски 10’ 23’ 25’ Игор Стојковски 27’ 29’ 38’ Благоја Лолевски 39’ Мишо Ѓоргиевски 34’

Дваесет и првото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Аџибадем Систина и Макпетрол.

двете екипи започнаа со високо темпо на игра што на самиот старт донесе шанси за погодок и на двете страни, но голманите со одлични одбрани успеаа да ги сочуваат своите голови. Како одминуваше времето екипата на Макпетрол ја превзеде иницијативата и трегна пожестоко кон голот на Систина што резултираше со погодок во 10та минута и водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Систина започна со понапаѓачки стил на игра со цел да дојде до израмнување, ваквата игра вроди со плод па во 20та минута успеаа да го израмнат резултатот на 1-1. На старот на второто полувреме екипата на Систина успеа да постигне погодок и да направи целосен резултатски пресврт, но од страна на екипата на Макпетрол следеше брз одговор и изарамнување по само една минута на 2-2. По ова следуваа неколку одлични минути за екипата на Макпетрол која успеа да го превземе водството на 2-4 и да ја примора екипата на Систина да биде таа која брка резултат. До крајот на натпреварот екипата на Макпетрол ја искористи отворената игра на Аџибадем Систина за да го зголеми водството и конечна победа од 4-8.

Џонсон Мети сигурни во дуелот со МЕПСО

Џонсон Мети 10-2(5-0) МЕПСО

Џонсон Мети: Христијан Стојановски 26’ 40’ Бојан Дејановски 3’ 10’ 31’ 35’ Мартин Николовски 15’ 16’ Бране Стојановски 7’ 38’

МЕПСО: Александар Јоксимовски 24’ Борис Трајковски 38’

Одлично прво полувреме на екипата на Џонсон Мети во дуелот со МЕПСО, тие уште во почетните минути од натпреварот успеаа да се стекнат со комотно водство кое до крајот на полувремето константо го зголемуваа. Екипата на МЕПСО со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во овој натпревар но не успеа да најде против игра за денес расположената екипа на Џонсон Мети која го доби ова полувреме со резултат од 5-0. Во второто полувреме иста слика екипата на Џонсон Мети имаше целосна контрола врз играта и резултатот и покрај сите обиди на екипата на МЕПСО да се врати резултатски во игра. Екипата на Џонсон Мети го доби овој натпревар со убедливи 10-2.

Алкалоид со колективна игра до победа над Уни Банка

Алкалоид 8-3(4-2) Уни Банка

Алкалоид: Стефан Димовски 11’ 12’ Сунај Љазим 1’ 12’ 30’ Дениз Салкович 17’ Даниел Митич 28’ Марко Марковски 39’

Уни Банка:Владислав Хаџидинев 1’ Александар Кузинаков 34’ Ивица Орозовски 19’

Одличен старт на дуелот помеѓу Алкалоид и Уни Банка, уште на самиот старт екипата на Уни Банка успеа да поведе со голот на Хаџидинев, следуваше брз одговор на Љазми за израмнување на 1-1. По овие воведни минути се смири темпото на игра но екипата на Алкалоид од минута во минута го зголемуваше темпото па кон средината на полувремето успеа со два гола едноподруго дојде до водство од 3-1. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Алкалоид со одлично поставена одбрана не дозволи изненадување а успеа да постигне уште еден погодок за водство од 4-1 сепак екипата на Уни Банка во последните минути од полувремето успеа да реализира за ублажување на водството па на паузата се замина со резултат од 4-2. Во второто полувреме екипата на Уни Банка се префли на противничка половина и фрли се на една карта тргнуваќи по израмнување, таквата отворена игра остваи многу простор во нивната одбрана што знаеше да го казни екипата на Алкалоид за на крајот да извојува висока победа од 8-3

16 април 2019 - 15:44