Македонска пливачка тренирала 100 дена во 2 метри базен

Ковидот ги сопре фудбалерите, кошаркарите, ракометарите да не може да играат, но тие барем можеа да тренираат индивидуално, а пливачите останаа само со тренинг на суво кој не им врши работа. Ева се најде махерски и издржа до крај.

Нема поголем проблем за пливач од тоа да му го затвориш базенот, а тоа за жал кај нас се случи уште во март кога бувна ова чудово.

Пливачите останаа и без тренинзи и без натпреварувања, а тоа значи пад на формата и кондицијата, а истовремено скок во килажа.

Но Ева Барамчевска најде начин како да и пркоси на вонредната ситуација, па се до отворањето на базените, 100 дена пливала во двор во место и тоа не престанала и на дожд, ветер, па дури и кога паѓало снег.

„Ова е искрено претешко, бидејќи си во неприродна средина и поради ластикот се соочуваш со напор, кој двојно го зголемува отпорот, вели нејзиниот тренер Александар Маленко.

Каква царица. 

3 јули 2020 - 14:06