Лукоил во висок ритам до победа над Аџибадем Систина

Џонсон Мети, Сава Осигурување и Лукоил славеа победи во вториот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Лукоил во висок ритам до победа над Аџибадем Систина

Лукоил 7-3(4-2) Аџибадем Систина

Лукоил: Марјан Цветковски 40’ Александар Аврамовски 5’ Игор Дамјановски 12’ Мартин Алаѓозовски 26’ Лоренцо Николовски 16’ 17’ 27’

Аџибадем Систина: Никола Малјановски 3’ Кристијан Димковски 18’ Далибор Дамјановски 33’

Екипата на Лукоил мошне мотивирано влезе во натпреварот против екипата на Аџибадем Систина. Уште на самиот старт наметна висок ритам на игра и со пресинг по целиот терен не и дозволи на Систина да ја игра својата препознатлива игра. Во првото полувреме преку контра напади екипата на Лукоил успеа да си обезбеди водство од 4-2. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи во ист ритам не давајќи и на екипата на Систина да фати резултатски приклучок и да се врати во натпреварот. Во текот на целото второ полувреме и до крајот на мечот Лукоил успеа да ја задржи предноста и да дојде до победа од 7-3.

Сава Осигурување со одличен финиш до победа над Уни Банка

Уни Банка 6-10(1-3) Сава Осигурување

Уни Банка: Ивица Орозовски 23’ 27’ Марко Ташков 17’ Владислав Хаџидинев 21’ Ангел Петков 35’ Александар Кузинаков 34’

Сава Осигурување: Јовица Марковски 10’ 19’ Коста Глигуровски 8’ 24’ 31’ 38’ Андреј Китановски 27’ 37’ Трајче Илиевски 39’ 40’

Екипите на Уни Банка и Сава Осигурување натпреварот го започнаа со отворен фудбал и целосен акцент на нападот. Во првото полувреме екипата на Сава Осигурување имаше подобра реализација додека пак Уни Банка не успеа еколку чисти шанси за гол да ги реализира па на полувремето Сава Замина со предност од 1-3. Во второто полувреме екипата на Уни Банка преку колективна игра успеа да го израмни резултатот и со тоа натпреварот влезе во егал завршница. Во самиот финиш екипата на Сава Осигурување ги консолидира своите редови и со одлична реализација успеа да извојувца победа од 6-10.

Фабрика Карпош – ГИМ со некомплетен состав го загуби дуелот со Џонсон Мети

Фабрика Карпош – ГИМ 2-8(1-3 ) Џонсон Мети

Фабрика Карпош – ГИМ: Мики Нешиќ 10’ Кристијан Панев 35'

Џонсон Мети: Благоја Божиновски 5’ 25' 34' Александар Недев 9’ 17’ 38' Љупчо Стојановски 31' 35'

На самиот сарт од првото полувреме екипите на Фабрика Карпош и Џонсон Мети играа егал, по што екипата на Џонсон Мети со одлична одбрана и брз контра напад успеа да дојде до водство. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ беше значително ослабена во играчкиот кадар и натпреварот го играше без помош од клупата. Па полувремето го доби екипата на Џонсон Мети со 1-3. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети со чести замени држеше висок ритам на игра кој ослабената екипа на Фабрика Карпош – ГИМ не можеше да го следи. Во ваквата поставеност на играта екипата на Џонсон Мети го доби овој натпревар со високи 2-8.

20 февруари 2019 - 15:29