Луд рекорд во Формула 1 пит стопот

Гран прито на Велика Британија го одбележаа не само рекордните времиња на извозени кругови на патеката Силверстоун во квалификациите и историската шеста победа на Луис Хамилтон, туку и луд пит стоп.

На Силверстоун механичарите на Ред Бул покажаа неверојатна класа откако го опслужија болидот на Пјер Гасли во 12 круг за рекордни 1,91 секунда.

Претходниот рекорд, многу близу до новиот, го држеше тимот на Вилијамс чии механичари во 2016 година на Гран при Европа го стокмија својот пулен за 1,92 секунди:

Но треба да се има предвид дека пред 3 години гумите тежеа по 3 килограми, а современите тежат до 1 килограм, оние задните половина килограм од гума. Да се креваат и местат е далеку полесно физички отколку претходно, но во секој случај новиот рекорд е огромно достигнување.

Покрај неверојатниот резултат со болидот на Гасли, механичарите на Ред Бул експресно брзо го опслужија во 13-от круг и болидот на Макс Ферстапен - за 1,96 секунди! Благодарение на овој труд на механичарите, Холанѓанецот на крајот имаше одличен резултат.

16 јули 2019 - 09:44