Кроткиот Вавринка од три Гренд Слема цица

Швајцарецот со чешко потекло, Станислас Вавринка е жив доказ како талентот не може ништо без страшно напорна работа. „Само ако вежбаш милион години, ќе успееш“, вели Стен кој почна да му го зема скалпот на Ѓоковиќ во финалињата.

Успехот на Стен Вавринка е олицетворение на триумфот на трпението и чекор по чекор тактиката. Швајцарецот мина долг пат во кариерата (својот прв Гренд Слем го освои со 28 години). За трите освоени Гренд Слема тој многу се намачи, но истрпи до крајот.

Сите знаеме каква блескава игра може да прикаже Швајцарецот. Одвреме-навреме тој едноставно е најдобар, иако на врвот се качува преку најтешките турнири, а не преку поскромните.

Кога ја опишува својата кариера, Стен самиот кажува:

„Секогаш одам чекор по чекор, Прво сакав да станам професионален тенисер, живеев страстно, го живеев својот спорт. Потоа сакав да влезам во Топ-100, па во Топ-50, и така беше. Секогаш така ги решавам своите задачи. Никогаш не почнав со мисла дека сакам да бидам прв на светот или да освојам Гренд Слем. Не. Јас одам полека.

Единствено што сакам е постојано да се доведувам до крајни граници. Така нема да се каам кога ќе отидам во пензија. Не сакам да мислам: Зошто не тренираше повеќе? Зошто не го направи тоа или тоа? Не, сакам само да одам до крајни граници и да видам до каде ќе стигнам“, заклучува новиот шампион на УС Опен.“

Тренерот на Вавринка, Магнус Норман исто укажува на кумулативниот ефект кога одговара на прашањето како Вавринка победува на Гренд Слемовите:

“Најтежок напредок забележав од психолошки аспект. Мислам дека Стен беше во години во кој беше најблизу да отиде чекор напред. Веќе добро работел со претходните тренери, а јас дојдов во време кога беше спремен да преземе следни чекори“, вели Норман.

Како дете Станислас често ја посетувал фармата на своите родители кои се занимавале со рехабилитација на лица со инвалидитет. Таму сфатил дека во животот е најважно - да не се предаваш. Поради тоа, долго време мирно живееше во сенка на Федерер, па по неколку години работа со Норман до најголемите успеси стигна во зрело доба.

Годинава Стен на US Open дојде без ниту една победа над играчите од Топ-10 и неговата сезона по ништо посебно не беше импресивна. Во Њујорк Швајцарецот беше пред испаѓање во третото коло против Британецот Ден Еванс кога се спаси буквално на една топка 4-6 6-3 6-7 (6/8) 7-6 (10/8) 6-2.

Норман одлично го лоцираше проблемот: „Стен е многу ранлив во раните фази од турнирите. Никогаш не најдовме клуч за тоа, да добие стабилност“. Но Вавринка веќе три години освојува турнири штом влезе во едно големо финале. Норман вели дека тоа е поради фактот што Стен стекнува самодоверба до крајот. Мечевите му помагаат да покаже најдобра игра во клучните фазе од US Open.

Не смее да заборавиме дека покрај трпението и трудот, Вавринка има и неверојатен талент. Тој го игра најдобриот бекхенд со една рака во современиот тенис, има изненадувачки брзи нозе, страшен форхенд и постојана намера за напад. Спремен е и физички што му дозволи на терените на US Open да мине речиси 19 часа и да не падне во најважниот момент.

Главно нешто е искуството во претходно неистражената длабочина на својата свест. После финалето со Ѓоковиќ во Њујорк, Вавринка изјави дека пред мечот почнал да мисли на важноста на моментот, се тресел и плачел. Како се носи со тоа?

„Просто си кажав себеси - собери се. Со тренерот одлучивме да не покажувам кога ќе ми биде тешко. И еднотавно не покажував. На крајот испадна велелепно“, вели Станислас Вавринка. 

И покрај многуте разлики, Вавринка и Енди Мареј се слични по бројот на освоени Гренд Слемови. Кариерата на двајцата е лекција за сите. Ако Мареј покажа колку е тежок патот до успехот, тогаш Вавринка покажа како во најтешките моменти да се премине првата препрека. Но тоа може да се направи: „Само ако тренираш милион години“, вели Вавринка.

После четвртфиналето на US Open против Дел Потро, Вавринка го прашаа како се мотивира затоа што освои два Гренд Слема, заработи многу пари, нема да ги стигне Надал, Федерер и Ѓоковиќ дури и ако освои уште еден Слем. Тој одговори:

„И што да правам сега? Јас имам 31 година. Што да правам? Да лежам на плажа? Да не се занимавам со ништо? Такви прашања им поставувате и на Рафа, Новак и Енди. Го сакам тенисот, тој е моја страст. Просто гледајте го мечов и ќе добиете одговор. Да бидам на теренот за мене е прекрасно.