Ѓоковиќ мора да плати парична казна и добива забрана за влез во Австралија

Новак Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија, нема да игра на Отвореното првенство во Мелбурн каде требаше да ја брани титулата и ќе мора да плати отштета од 500.000 австралиски долари.

Целиот случај кој започна на 5. јануари и траеше 11 дена, конечно доби епилог.

Австралиската новинарка Карен Свејни која ги следи правните случувања во таа земја вели дека Ѓоковиќ ќе мора да ги плати сите трошоци, а казната која треба да ја плати изнесува околу 500.000 долари.

Притоа, со депортацијата доаѓа и тригодишна забрана за влез во Австралија што подразбира дека Новак Ѓоковиќ (34) најверојатно нема веќе да игра на Отвореното првенство на Австралија каде држи апсолутен рекорд со десет освоени шампионски титули.

Правниот тим на Новак Ѓоковиќ кој еднаш извојува победа на судот во Мелбурн, овојпат решил да не ја обжалува одлуката.

Најдобриот тенисер на светот го изгуби случајот пред Сојузниот суд на Австралија. Нема право на жалба, а веќе се знае и тенисерот кој ќе го замени во главната ждрепка - тоа е Салваторе Карузо, 150. рангиран играч од Италија кој ќе биде тн. лаки лузер. 

Врховниот судија Џејмс Алсоп, одлуката на тричлениот Совет била едногласна и Новак ќе биде депортиран од земјата. Пишаните причини на оваа судска одлука ќе бидат саопштени во деновите кои следуваат.

За потсетување, на Новак му беше укината визата по доаѓањето во Австралија, на што тој и неговиот правен тим доставија жалба и победија на првото рочиште на судот во Викторија.

После тоа, министерот за имиграции на Австралија Алекс Хок ја искористи можноста повторно да му ја укине визата, а крајниот збор го имаше Федералниот суд.

После новото, последно судење, тимот на Новак изнел серија аргументи во негова одбрана, но на крајот одлуката е дека тој нема да може да ја брани шампионската титула во Мелбурн, да ја нападне 10. рекордна титула во Австралија и евентуално да стане првиот во историјата кој освоил 21. Гренд Слем во кариерата.

16 јануари 2022 - 08:28