Кога ќе ја чукнеш колата на НХЛ ѕвезда, па ќе му оставиш писменце

Тајлер Сегин важи за еден од подобрите хокеари во најдобрата светска лига НХЛ. Игра за Далас Старс, и веројатно тоа ќе го спаси оној што му ја чукнал колата од плаќање оштета.

Во понеделникот напаѓачот на Далас Старс на својот Инстаграм профил објавил фотографија на која се гледа како на возачкото седиште држи лист со натпис:

«Sorry, I just hitted your car. My Bad bro, I don’t have money to pay» („Извини, само што ти ја удрив колата. Крив сум, немам пари да ти платам“).

Тајлер Сегин има бело Ферари модел 458. Денес доколку би прашале официјален автомобилски салон во Далас кој продава Ферари, ќе ви каже дека цената на овој модел изнесува 625.000 долари.

Доколку после случката во која некој му го чукнал Ферарито Тајлер се реши да го продаде својот автомобил во Тексас, во зависност од состојбата на машината, цената би се движела во реонот на 177.000 долари.

За играч со просечна годишна плата од 9,85 милиони долари (чисти 5,7 по уплатата на сите даноци), ова не би требало да биде никаков проблем, така што и несреќникот кој го закачил најверојатно ќе се спаси од последици и плаќање обештетување.

11 септември 2019 - 11:37