Како жена му на Руни открила дека жена му на Варди ја издава во медиумите

Додека нивните сопрузи напорно тренираат и даваат голови за своите клубови (Лестер и ДС Јунајтед), Ребека Варди и Колин Руни напорно работат на Инстаграм стори. Оваа вторава се чудела кој ги издава нејзините приватни работи во жолтиот англиски печат и на крај дознала.

„Неколку години некој на кого му се доверив да го следи мојот приватен Инстаграм акаунт, постојано го информираше весникот The SUN за моите приватни постови и стори.

Имаше толку многу пренесени информации за мене, за моите пријатели и моето семејство и тоа сè без моја дозвола и без мое знаење.

Откако долго време се обидував да откријам кој би можел да биде, од некои причини, почнав да сомневам.

За да пробам и да го докажам тоа, ми дојде една идеја. Ги блокирав сите да не можат да ги гледаат моите Инстаграм сторис освен ЕДЕН акаунт. (Оние на мојот приватен акаунт сигурно се прашувале зошто некое време не ставав стори.)

Во претходните пет месеци постирав серија лажни вести, за да видам дали ќе стигнат до весникот Sun. И знаете што? Стигнаа!

Сторито кое го ставив за родната селекција во Мексико, сторито дека се враќам на телевизија, па последното стори за поплавениот подрум во мојата нова куќа.

Беше тешко да се воздржам и да не коментирам ништо за тоа, посебно кога сторијата беа пренесувани, но морав. Сега знам со сигурност од кој акаунт/индивидуа протекнувале информациите.

Сочував скриншатови од сите оригинални сторија кои јасно покажуваат дека само едно лице ги видело.

И тоа е......... Акаунтот на Ребека Варди.“

 

9 октомври 2019 - 12:13