Кога родителите му договарале реклами на маестро Федерер

На средината од февруари Федерер потпиша нов рекламен договор со авто гигантот Mercedes и според Forbes, “Маестро“ ќе заработи 15 милиони долари за 3 години. Таквиот договор само ја зацврсти репутацијата на Швајцарецот како „крал на рекламите“.

Роџер Федерер од спонзори заработува најмногу на свет

На последниот рејтинг на најплатени тенисери, Федерер е убедливо прв: од 1. јуни 2016 до 1. јуни 2017 според Forbes Роџер заработил 64 милиони долари од кои „само“ 6 се од освоените турнири.

Точната сума на спонзорски договори никој никогаш не ја објавува, но Роџер Федерер од спонзори заработува повеќе дури и од едни Леброн Џејмс и Кристијано Роналдо.

Во 2016-та Лондонската школа за маркетинг исто соопштила дека Федерер е најпривлечниот комерцијален спортист на светот и неговата спонзорска заработка ја проценила на 60 милиони долари.

Но Роџер не бил отсекогаш маркетинг-ѕвер и долго чекал на такви вртоглави суми. Во 2002-ра самиот водел преговори со Nike и заклучиле договор на милион долари по година што до денес е „најскромната“ негова заработка од спонзори. Во 2003-та пак се воделе договори но тогаш интересите на Роџер ги застапувала огромната менаџерска компанија IMG.

Швајцарецот тогаш сфатил дека нема ништо подобро од семејна компанија па така неговите спонзорски договори ги воделе родителите.

Стручњаците сметаат дека за првите успешни тениски години на Федерер влијаеле три работи. Прво државјанството: домашниот пазар во Швајцарија е ограничен, а меѓународните компании уште не го сметале за соодветен лик за реклами.

Второ, имиџот: Федерер бил воздржан и мирен поради што мислеле дека нема доволно харизма. И трето, доминација: Федерер победувал многу лесно, немал право противник а неговите успеси не биле доволно привлечни. Покрај тоа, родителите на Федерер имале мошне строг пристап во изборот на спонзори за својот син: тие сакале да изградат долгорочна соработка со големи и доверливи компании а не да собираат „трошки“ од неколку партнери.

Но тие и немале контакти во корпоративниот свет и тешко им било да најдат компании. Во 2005-та Forbes го објавил првиот рејтинг на најплатени спортисти на светот и Федерер тогаш воопшто не бил на листата иако освоил 5 од последните 9 Гренд Слема. Од тенисерите на списокот биле само Андре Агаси и тогаш јуниорката Марија Шарапова која по триумфот на Вимблдон 2004 потпишала еден куп рекламни договори.

Во втората половина на 2000-те рекламниот потенцијал на Роџер пораснал. Во тој момент Федерер и се вратил на IMG а за неговите договори се грижел Тони Годсик.

Во периодот од 2006 до 2009 „Маестро“ собрал скоро пола од денешното свое спонзорско портфолио - дури 5 од 11 компании. Тогаш потпишал 10-годишен договор со Nike и Wilson.

Еден од најважните договори му бил оној со компанијата Gilette со кој Роџер се ракувал во 2007. година. Gilette е првиот негов спонзорски партнер којшто не е од светот на спортот и не е од Швајцарија.

Необично, соработката со Gilette завршила во 2015-та и на еден ATP турнир Роџер за првпат после долго време се појави небричен на теренот. 

Во еден период Федерер во САД го познавале околу 22-27% од испитаниците а во 2013-та неговиот лик и дело во САД достигнале 61% познатост а во Европа скоро 90%. Како модел за успешен маж од Западот Федерер помогнал и за развој на компаниите на азискиот пазар - на пример Mercedes во 2008-ма го викнал Роџер да снимаат реклами во Азија а после тоа тој веќе стана најпознатиот спортист на светот.

Благодарение на соработката со менаџерот Годсик Федерер станал машина за пари. Работата со Американецот толку му годела на Швајцарецот што во 2012-та тие заедно ја напуштиле IMG и веќе во 2013-та организирале сопствена менаџерска агенција Team8 која што сега ги претставува Хуан Мартин дел Потро и до лани Григор Димитров. Годсик му помогнал на Роџер и да го организира Купот Лејвер - најуспешниот екипен турнир на кој едни против други играат најдобрите тенисери од Европа и најдобрите од останатиот дел од светот.

Федерер важи за успешен спортист, примерен сопруг и татко, не прави скандали, убаво зборува и затоа го сакаат елитните брендови како Rolex, Mercedes, Moet & Chandon, Lindt и други.

Во мај 2017-та, Forbes пишуваше дека Федерер во кариерата заработил повеќе од 700 милиони долари, што од спонзори, што од освоени турнири и трофеи. Ако некој од тенисерите набрзо стане милијардер, тоа ќе биде Роџер. На крај од краиштата тој е прв според секој параметар.