Италијанскиот новинар од епизодата со Ѓоковиќ и претходно имал циркуси

Важи за еден од најстарите новинари кои патуваат по турнирите. На „ти“ е речиси со сите тениски ѕвезди. За овој спорт пишува уште од ’70-те години а има анегдоти со Бекер и со незграпниот Настасе.

Италијанскиот ветеран меѓу новинарите, Убалдо Сканагата има 69 години и доаѓа од Фиренца. Во младоста играл тенис на државно ниво во Италија а потоа го удирал топчето и на американскиот студентски шампионат NCAA.

Сканагата пишувал за тенисот уште од почетокот на ’70-те во време на откривање на Опен ерата. Актуелниот Australian Open станал негов 151 Гренд Слем како акредитиран новинар. Станува збор за еден од најредовните и најстарите новинари на тениските турнири. 

Низ годините Сканагата организирал ATP турнир во Фиренца (во 1978 година му дал wild card на тогаш 18-годишниот Јаник Ноа и од тогаш се дружат).

Убалдо пишувал за два водечки весници во Италија (воглавном за спорт, но не само), а во 2000-та станал еден од основачите на Меѓународната асоцијација на тениски автори (International Tennis Writers’ Association) а денес работи за три италијански весници (Il Giorno, La Nazione, Il Resto del Carlino).

Убалдо има и сопствен сајт, Ubitennis, основан во 2008-ма. Тој е автор на неколку книги за италијанскиот тенис.

На овој Australian Open стана хит меѓу новинарите откако во првиот ден Рафаел Надал го разбуди среде прес-конференција затоа што овој задремал, а на минатогодишниот US Open Фабио Фоњини рекол дека би му го удрил телефонот од глава на Сканагата.

Убалдо на времето го носел Џон Мекинро во Фиренца, одел во дискотеки со Витас Герулаитис и го запознал Илија Настасе со една од неговите идни жени во пицерија во Тоскана.

А пред 28 години на враќање од Australian Open, Сканагата договорил ексклузивно интервју со тогашниот шампион на турнирот и новиот број 1 Борис Бекер:

„Со Борис летавме во ист авион на Lufthansa од Мелбурн до Франкфурт. Му понудија шампањнско во чест на титулата и бројот 1, а тој реши да ги нагости цела прва и бизнис-класа. Заедно со мене седеше докторот на тениската федерација на Германија и добар другар на Бекер. Додека зборуваше со него, Борис се потпре на мене а јас така сум заспал. Во еден момент ме бакна во шега, па го прашав: „Борис што правиш? А тој: „Се извинувам, се извинувам, како можам да се извинам?

Му реков: „Следната недела на Дејвис Купот Германија - Италија во Дортмунд, дај да направиме екслузивно интервју.

Во четвртокот на ждрепката во Дортмунд се собраа 200 германски репортери затоа што Бекер првпат стана прв на светот, а тој им рече: „Простете, има некоја забуна, јас имам договорено ексклузивно интервју“.

Сканагата сака често да ја весели и смее прес-собата со неконвенционални прашања и потоа се гордее со нив на Твитер. На едно од поголемите изненадувања на турнирот, младиот Грк Стефанос Циципас му поставил прашање „Мене како стар новинар ме интересира: дали долгата коса не ви смета на теренот? Федерер после некое време ја ишиша својата долга коса“ (Циципас му одговорил дека тоа му е препознатлив знак):