Ролан Гарос

Историска титула на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер го освои единствениот Гренд Слем кој му недостасуваше, откако попладнево во Париз на Ролан Гарос го победи Енди Мареј со 3:1 во сетови.

Новак Ѓоковиќ со победата над второрангираниот светски тенисер Енди Мареј го оствари 28-от триумф по ред на Гренд слем турнирите што е најдолга серија во историјата.
 
Ѓоковиќ со неверојатен тенис го совлада Мареј кој успеа да го добие првиот сет со 3:6, за Новак потоа доминантно да ги добие следните три сета. Србинот стана четвртиот тенисер во светот кој во Опен ерата ги освоил сите четири најголеми турнири - Австралијан Опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен.
 
Од почетокот на овогодинешниот Ролан Гарос, Новак ги победуваше Јен Сун Лу (6:4, 6:1, 6:1), Стив Дарсис (7:5, 6:3, 6:4), Алјаж Беден (6:2, 6:3, 6:3), Роберт Батист Аут (3:6, 6:4, 6:1, 7:5), Томаш Бердих (6:3, 7:5, 6:3), Доминик Тим (6:2, 6:1, 6:4) и денес во финалето Мареј со 3:1 (3:6, 6:1, 6:2, 6:4), после три часа и три минути игра.
 
Ѓоковиќ во четвртиот обид успеа да го освои Ролан Гарос, единствениот Грен Слем трофеј кој му недостасуваше. Новак исто така стигна до уште едно големо достигнување затоа што во моментов сите четири најголеми титули се во негова сопственост.
 
Ѓоковиќ одново го порази Мареј, ја зголеми предноста во меѓусебните дуели на 24:10 и го забележа 13-от триумф на последните 15 мечеви со Мареј. Треба да се истакне и џентлментскиот потег на Шкотланѓанецот, кој е добар другар со Ѓоковиќ, кога на крајот од мечот ја прескокна мрежата за да му честита на Србинот.
„Ова е посебен момент, можеби и најголем во мојата кариера. Огреа и сонце сега. Убаво е да се види сонце после десет дена дожд и лошо време. Големо задоволство е да се видат сите овие навивачи во финалево. Се надевам дека уживавте додека го гледавте мечот. Денес е најважно за мене што почуствував нешто што никогаш не сум почуствувал. Никогаш не можев да го нацртам ова срце како Гуга (Бразилецот Густаво Куертен исто нацрта срце и легна во него кога го освои Ролан Гарос). Тој ми даде дозвола да го нацрта и најважно за мене е да ја осетам таа љубов и да ја поделам со вас. Да знаете дека секогаш ќе бидам со вас на овој терен“, изјави Ѓоковиќ после мечот за Евроспорт.