Jump Around

„Ирците“ кои ја смислија најзаразната песна на стадионите во САД

Ретко кој не го памти хитот Jump Around на коишто генерации скокаа на прослави, родендени, дружби. Во САД на стадионот на Висконси традиција долга 20 и кусур години е преку 80.000 души да скокаат на оваа песна. Делува страшно!

Кога пред многу децении фудбалската екипа на универзитетот Висконсин воопшто не победувала и серијата порази стигнала до 24 меча по ред, фудбалот станал извор на вечна тага. Тогаш спортскиот директор на колеџот тргнал да раздвои две работи кои се тесно поврзани една со друга: резултатот на тимот и задоволството на гледачите.

Така универзитетот Висконсин ја стекнал својата прва позната традиција која што ја завикале „Петта четвртина“ - универзитетскиот оркестар свирел моќен концерт после секој меч, ги изведувал најсаканите локални мелодии и за 20 минути ја доведувал публиката до таква состојба што после горчината од поразот ѝ се топлело срцето.

А после тоа и фудбалерите почнале да победуваат.

На крајот од ’90-те години ситуацијата се повторила - дечки од маркетинг секторот сакале да најдат нешто со што публиката ќе се идентификува. Барале решение коешто ќе спојува алкохол, бар и возбудена толпа.

Композицијата Jump Around излегла во ’92-ра и тогаш првпат проникнала на стадионот на Висконсин преку неофицијален пат - член на екипата по пливање ја пеел преку мегафон и ги привлекол студентите на стадион. А во ’97-ма Jump Around станала неофицијална химна на фудбалската екипа.

Веќе на 10. октомври 1998-ма Универзитетот стекнал нова традиција - за време на мечот со колеџот Пердју кога масата луѓе се нервирала што екипата не можела да даде гол во третата четвртина, музиката од House of Pain првпат прозвучиила во арената.

Кевин Клундер, помошник на спортскиот директор на Висконсин по маркетинг рекол:

„Јас сакав таа да биде песна која што би ги прекинала шумовите на навивачите и би создала посебна атмосфера која што ќе ги заглуши сите. Тогаш не ни мислев за нешто подробно“.

Од тој меч песната станала заштитен знак на стадионите а противниците пишувале жалби.

House of Pain се Ирци колку што е и Бил Расел, легендата на Бостон Селтикс. Групата е основана во Лос Анџелес, нејзиниот лидер е од Њујорк а Jump Around е песна која што ја напишал DJ Muggs, половина Италијанец, половина Кубанец којшто израснал во норвешко семејство.

Од Ирско заедничко имале начин на живот: другари кои висат по пабови, пијани до бессознание кои се тепаат и не внимаваат многу на своето здравје.

Но кога било неопходно да му се продаде на народот сосема нов бел рап, изграден на хип-хоп, панк и џез, тоа било таков концепт кој постепено станувал сè повеќе карикатурен. Првиот настап House of Pain го имале во бар и на њујоршката парада на денот на свети Патрик, а лидерот на групата, Everlast носел зелен дрес од Лери Бирд. 

Во наше време House of Pain се сметаше за група од еден хит, песна со која се почна и се заврши.

Интересно DJ Muggs ја напишал Jump Around за Cypress Hill. Но гигантите само што го издале албумот и биле мрзливи да се нафаќаат за идејата "Ајде скокај" која што ја сметале за банална и не одговарала за потребите на високо-интелектуалната епоха.

За жал, Унверзитетот Висконсин ја одржал традицијата до 2003-та година. Тогаш администацијата на колеџот и официјално забранила Jump Around да се пушта на стадионот.

Негде од 50-та секунда:

Горните нивоа на стадионот почнале премногу да вибрираат под влијание на навивачите, па раководните лица биле загрижени дека тоа би можело да ја сруши трибината. Професор по механика во Висконсин утврдил дека луѓето чуствуваат вибрации од 2 до 10 инча.

Навивачите на таквото решение изреагирале крајно чувствително и тврделе дека истовременото скокање на маса луѓе предизвикува периодични непријатни вибрации но никако и ризик од катастрофа на конструкцијата.

Тогаш ректорот на универзитетот издал официјално соопштение во јавноста во кое им дозволил на студентите да скокаат во арената во иднина. Рекол дека во целост го сфаќа значајот на тој ритуал. Сега Jump Around ја пуштаат меѓу трета и четврта четвртина. Во Арената лудуваат практично сите (80.000 души), не само студентскиот сектор.

Скокаат дури и играчите од гостинската екипа кои „се правдаат“ дека така „се загреваат да не се оладат и да му дадат шанса на противникот“.

5 декември 2017 - 14:12