И така додека гледаме велосипедизам, наидува плантажа марихуана

Овогодинешното издание на Ла Вуелта е супер интересно. Секојдневно има нови дешавки, а последната беше надвор од патеката. Додека одеше снимка од хеликоптер, на кровот од една зграда во Игуалда кај Каталонија режисерот ладно улови безброј садници марихуана.

 Полициски службеници од Mossos d’Esquadra веднаш по пријавата за видеото, тргнале кон зградата и таму пронашле 40 садници. „Во моментов никој не е уапсен“, стои во соопштението а полицијата додава дека кровот се користел заеднички и не можеле да откријат од кој стан е сторителот.

После 11-та етапа води Словенецот Примож Роглиќ. Ла Вуелта трае 21 ден и се вози низ Шпанија, Франција и Андора. Финишот е предвиден за 15 септември. 

5 септември 2019 - 15:54