Грми „Бисер Балкански“ во автобусот на Македонија

По четири одиграни средби, македонската одбојкарска репрезентација стигна до првиот триумф на ЕП во Словенија, воедно и прв историски на нивното деби учество. Ја совладаа Белорусија со 3:1 на меч кој ги предводеше Никола Ѓорѓиев, прогласен за играч на денот на цел шампионат. Следуваше и заслужено славење. Само напред момци.

Со три порази и една победа, Македонија сè уште има шанси за осминафинале.

17 септември 2019 - 09:06