Глигуровски во последните секунди постигна гол за реми

Вип и Уника со победи го отворија 9. коло во Бизнис лигата на Македонија, а без победник заврши средбата Сава Осигурување и Борис Трајковски.

Глигуровски во последните секунди постигна гол за реми

Сава Осигурување 5-5(1-2) С.Ц. Борис Трајковски

Сава Осигурување: Андреј Китановски 2'33' 36' Јовица Марковски 26' Коста Глугуровски 40'

С.Ц. Борис Трајковски: Оливер Китановски 15' Симон Јагодиќ 18' Дарко Филимановски 23' Јован Димовски 27' Влахо Костов 34'

Во првиот натпревар од деветото коло силите ги одмерија екипите на Сава Осигурување и С.Ц. Борис Трајковски. Одличен почеток за екипата на Сава Осигурување која во втората минута успеа да постигне погодок и да го отвори резултатот, по овој примен погодок екипата С.Ц. Борис Трајковски се префрли на противничката половина вршејќи притисок со цел да дојде до израмнување во што успеаа во 15та минута. До крајот на полувремето и двете екипи имаа свои моменти на одлична игра и шанси за зголемување на водството, тоа и успеа на екипата на С.Ц. Борис Трајковски во 18та минута за водство од 2-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурвање вршеше силен притисок кон голот на С.Ц. Борис Трајковски со цел да дојде до израмнување но екипата на С.Ц. Борис Трајковски со одлична тактика го бранеше својот гол се до самиот самиот финиш кога екипата на Сава Осигурување успеа да реализира за поделба на бодовите со резуталт од 5-5.

Фабрика Карпош - ГИМ немаше доволно сили за пресврт во дуелот со Уника

Уника 4-3(3-1) Фабрика Карпош - ГИМ

Уника: Арбен Нухиу 8' 37' Шабан Чупи 20' Даниел Стојковски 11'

Фабрика Карпош - ГИМ: Кристијан Панев 37' Славчо Мирчевски 39' Георги Божиков 9'

Првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Уника и Фабрика Карпош - ГИМ го отвори екипата на Уника о погодокот на Нухиу во 8та минута, следуваше брз одговор на екипата на Фабрика Карпош - ГИМ во 9та минута која преку Божиков го израмни резултатот. До крајот на полувремето екипата на Уника имаше повеќе од играта што резултираше со водство кое го сочува до крајот на полувремето. Полувреме 3-1. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра се редеа шанси за гол и на двете страни, екипата на Фабрика Карпош успеа да постигне погодок и да фати резултатски приклучок но екипата на Уника многу искусно го одигра остатокот од натпреварот и успеа да го сочува водството од полувремето. На крај натпреварот заврши со резултат од 4-3.

Вип не му дозволи на Маркарт да направи изненадување

Вип 6-4(4-1) Маркарт

Вип: Мартин Ангеловски 13' 34' Бобан Несторовски 15' Никола Спасевски 2' 10' Васко Дојчиновски 29'

Маркарт: Пеце Стојанов 11' 40' Димче Шојлев 39' Маријан Трајковски 33'

Одличен почеток на екипата на Вип во дуелот со Маркарт, рано водство во 2та минута со одличниот погодок на Спасовски. Екипат на Маркарт успеа да створи неколку одлични шанси за погодок но имаше слаба реализација по што следуваше казна и водство на Вип од 2-0. Кон средината на полувремето екипата на Маркарт преку Стојанов успеа да постигне погодок и да фати резултатски приклучок. До крајот на полувремето екипата на Вип имаше целосна контрола врз играта па на полувремето замина со предснот од 4-1. Во второто полувреме екипата на Маркарт со чести ротации на играчи се обидуваше да го намали високото водство од полувремето во што и делумно успеа но сепак немаше доволно сили за нешто повеќе против денес расположениот Вип. На крајот екипата на Вип го доби натпреварот со резултат од 6-4.

20 ноември 2018 - 15:21