Ѓоковиќ да беше принц, силувач на девојки или премиер криминалец, сите визи ќе ти важеа

Ѓоковиќ е „див Балканец“ и затоа сега страда, а „цивилизираните криминалци“ ги имаат сите привилегии на овој свет.

Ведрана Рудан во својот последен блог го спореди случајот со Новак Ѓоковиќ со друг што ги полни насловите на весниците овие денови.

Наводите за сексуална злоупотреба со кои се соочува британскиот принц Ендру. Ѓоковиќ е „див Балканец“ и затоа сега страда, а „цивилизираните криминалци“ ги имаат сите привилегии на овој свет.

Додека го пишувам ова, не знам што се случува со Ѓоковиќ во лулката на демократијата. Дали е во притвор, затвор, обесен, пуштен, протеран, плукан или фрлен во авион со лисици на рацете?

Зошто сум на страната на Ѓоковиќ иако сум луда ваксерка? Не се разбирам во тенис, мојата единствена врска со тенисот е Никола Пилиќ, наш драг долгогодишен пријател. Но, Никола, Ники Пилиќ отсекогаш бил нешто повеќе од тенис. Поодмерен, благороден и почесен човек во живот не сум сретнала. Денеска ми рече: „Му дадоа виза, му ја одзедоа визата. Го третираат како криминалец. Сето тоа е политичка фарса“.

Што ми смета во оваа приказна?

Најпрвин фактите. Дали Ѓоковиќ се вакцинираше двапати? Не. Дали Комонвелтот на Австралија инсистираше никој да не стапне во тоа жариште на демократијата освен ако не е двапати вакциниран? Да. Дали Комонвелтот на Австралија го пушти Ѓоковиќ во својот скут иако не го почитуваше она на што се заколна Комонвелтот откако Кина или милиот бог ни ја увалија короната? Да.

Дали истиот Комонвелт на Австралија му прогледа низ прсти на Надал иако ни тој не ги почитуваше поставените правила? Да. А кој зборува за тоа? Тоа не е исто? Истата приказна е. Се работи за принцип. Кога една земја се смета себеси за жариште на демократијата, тогаш ни Надал не треба да биде исклучок, колку и да не е „Балканец“.

Зошто нагласувам дека Австралија се нарекува Комонвелт на Австралија? Важно е. Шефица на нешто што моментално вреска за демократија и почитување на законите е Елизабета Втора. Таа госпоѓа, кои некои ја нарекуваат најмоќната жена на светот, го има синот Ендру, кој долго време е најпознатиот силувач на малолетнички во светот.

Дали австралиските шефови некогаш зборуваа на оваа тема? Принцот Ендру наместо да ги минува деновите во затвор со слични на себе, седи во дворецот и го чека Австралија Опен. Лудиот англиски премиер Џонсон неодамна го украси своето дувло со лов што му го дал локален тајкун. Прашањето на сите прашања е дали Џонсон се однесува како „Балканец“ или ние „Балканците“, кога сме најлоши, се однесуваме како Џонсон?

Мислите дека овие двајца пропалици немаат врска со Ѓоковиќ? Имаат. За западњаците Ѓоковиќ е дивјак на кој треба да му се покаже што е демократија. На лоповите и силувачите не треба ништо да им се покажува или докажува. Тие многу добро знаат дека меѓу нивната демократија и фашизамот, не постои разлика.

Ѓоковиќ, да беше принц, силувач на девојчиња, криминален премиер или премиер кој преку лешеви на спортисти се бори за нов мандат, сите патишта ќе ти беа отворени, сите визи ќе ти важеа. Вака си само симбол на оние, а не се малубројни, кои разбираат дека светот е поделен на „диви Балканци“ и „цивилизирани“ криминалци.

Ведрана Рудан

17 јануари 2022 - 10:11