Фабрика Карпош – ГИМ со одлично второ полувреме до победа над Уни Банка

Екипите на Македонски Телеком, Сава Осигурување и Фабрика Карпош - ГИМ славеа победи во третиот ден од 25. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Фабрика Карпош – ГИМ со одлично второ полувреме до победа над Уни Банка

Фабрика Карпош – ГИМ 5-4(1-3) Уни Банка

Фабрика Карпош – ГИМ: Лазе Божиновски 38’ Георги Божиков 32’ Кристијан Панев 2’ 21’ 31’

Уни Банка: Александар Кузинаков 9’ 38’ Ивица Орозовски 9’ 12’

Одличен старт за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот против екипата на Уни Банка, екипата на Фабрика Карпош – ГИМ уште на самиот почеток на натреварот односно во 2та минута со голот на Панев успеа да дојде до водство од 1-0. Овие воведни минути и припаднаа на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ која имаше целосна контрола врз играта, но во средината на полувремето екипата на Уни Банка одигра фуриозни три минути па од 9та до 12та минута успеа да постигне три погодоци за целосен пресврт и водство од 1-3 резултат со кој се замина на полувремето. На самиот старт на второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ се префрли на противничката половина и веќе во 21та минута успеа да го намали водството на Уни Банка на 2-3. Ова им даде дополнителен мотив па до до 38та минута дојде до комплетен пресврт од 5-3, до крајот на натпреварот екипата на Уни Банка се обиде да се врати во натпреварот но до последниот судиски свреж успеа само да намали на 5-4 резултат со кој заврши овој натпревар.

Илиевски ја осигура победата на Сава Осигурување во дуелот со Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 3-11(1-6) Сава Осигурување

Аџибадем Систина:Ивица Петровски 37’ Игор Ѓорѓиевски 11’ Кристијан Димковски 40’

Сава Осигурување: Коста Глигуровски 6’ 7’ 33’ Трајче Илиевски 7’ 9’ 16’ 22’ 28’ Данило Апостолски 5’ 36’ 38’

Првото полувреме во дуелот помеѓу Аџибадем Систина и Сава Осигурување и припадна на екипата на Сава Осигурување која уште на самиот старт ја превзема иницијативата и изврши силен притисок кон голот на Систина што резултираше со погодок во 5та минута и водство од 0-1. Овој рано постигнат погодок и даде дополнителен мотив на екипта на Сава Осигурување за во наредните минути поточно до 9та минута да постигне уште 4 гола и да се стекне со високо водство од 0-5. До крајот на полувремето екипата на Систина се обидуваше да ја намали убедливата предност на Сава Осигурување што успеа во 11та минута со голот на Ѓоргиевски за 1-5, сепак екипата на Сава Осигурвање успеа да постигне уште еден погодок за убеливи 1-6 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Систина со сите сили се обидуваше да ја пронајде својата препознатлива игра како би фатила резултатски приклучок, но екипата на Сава Осигурување со одлична игра во сите сегменти не дозволи изненадување и до гоби овој натпревар со убедливи 3-11.

Македонски Телеком со тимска игра до победа над Лукоил

Лукоил 2-3(1-2) Македонски Телеком

Лукоил: Марјан Цветковски 7’ Дејан Зиков 40’

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 3’ Гоце Филипов 38’ Даниел Анчевски 11’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Македонски Телеком, прва до водство дојде екипата на Телеком со голот на Лазаревски во 3та минута. Неколку минути подоцна односно во 7та минута голманот на Лукоил со евро-гол успеа да израмни на 1-1. Овие погодоци дополнително го подигнаа темпото на игра па од минута во минута се редеа шанси за погодок на двете страни, екипата на Телеком успеа да искористи една од нив во 11та минута за повторно водство од 1-2. До крајот на полувремето екипата на Лукоил ги пропушти своите прилики да дојде до израмнување на полувреме се замина со предноста за Телеком од 1-2. Второто полувреме екипата на Лукоил се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок кон голот на Телеком со цел да дојде до израмнување, екипата на Телеком одлично ја постави својата игра во одбраната па успеваше да одолее на притисокот. До крајот на натпреварот екипата на Телеком успеа да постигне погодок во 38та минута и да ја осигура победата со резултат од 2-3.

23 мај 2019 - 09:28