Еуро Табак со тимска игра до победа над ЕВН

Екипите на Окта, Гранит и Еуро Табак славеа победи во третиот ден од 21. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Еуро Табак со тимска игра до победа над ЕВН

Еуро Табак 4-2(2-0) ЕВН

Еуро Табак: Дејан Јанковски 12’ Мартин Ливрински 2’

ЕВН: Томи Илиевски 25’

Екипата на Еуро Табак уште во првата минута со гол го отвори натпреварот против ЕВН, овој рано постигнат гол ја примора екипата на ЕВН да го подигне темпото на игра и да се префрли на противничката половина. Екипата на Еуро Табак се повлече на својата половина ја зацврсти својата одбрана и со брзи контри се обидуваше да го зголеми резултатот што им успеа во 12та минута со голот на Јанковски. Екипата на ЕВН со голман играч се обидуваше да ја намали разликата, но Еуро Табак одлично ја постави одбраната и со Поповски на голот не го дозволи тоа. Полувреме 2-0. Во вторто полувреме екипата на ЕВН го подигна темпото на игра и се почесто се закануваше кон голот на Еуро Табак се до 25та минута кога Илиевски со одличен удар од далечина го намали резултатот на 2-1. Екипата на ЕВН подолжи со високо темпо на игра и истурена во нападот со цел да дојде до израмнување но тоа остави дупки во одбраната што Еуро Табак вешто ги искористи за победа од 4-2.

Гранит со одлична завршница до победа над Пекабексо

Гранит 7-5(4-3) Пекабеско

Гранит: Стефан Тевдовски 19’ Дарко Стојановски 7’ 14’ 34' Дарко Петров 33' Пепи Мицев 2’ 29'
Пекабеско: Алвин Бачко 4’ 9’ Ѓоре Бочваров 12’ 21’
Бобан Вујиќ 35'

Ефикасно прво полувреме прикажаа екипите на Гранит и Пекабеско, двете екипи во овој натпревар влегоа офанзивно фокусирани повеќе на нападот одколку на одбраната. Прва резултатот го отвори екипата на Гранит во 2та минута со голот на Мицев, но по само две минути екипата на Пекабеско го израмни резултатот. Се играше гол за гол се до финишот од полувремето кога екипата на Гранит со брз контра напд и одличен погодок на Тевдовски реализираше за 4-3 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Пекабеско имаше брза реализација и израмнување на 4-4 со што ја продолжи неизвесноста во овој натпревар. Екипата на Гранит прикажа одличен период на игра и направи солидна предност која екипата на Пекабеско не успеа да ја стигне па на крајот славеше со 7-5.

Во драматична завршница Окта поуспешна од Маркарт

Окта 4-3(2-0) Маркарт

Окта: Драганче Стојановски 15’ 34’ Виктор Ристовски 13’ Живко Котевски 40’

Маркарт: Александар Ристовски 21’ Фљурим Бахтијари 35’ 37’

Екипите на Окта и Маркарт претпазливо влегоа во овој натпревар, во почетните минути од полувремето двете екипи ги одмеруваа силите на противникот и со удари од далечина се обидуваа да направат нешто повеќе. По овие почетни минути екипата на Окта беше таа која ја превзема иницијативата што вроди со плод кон средината на полувремето кога Ристовски во 13та минута стрелаше за 1-0, а Стојановски по две минути го зголеми водството на 2-0. По оваа негатива екипата на Маркарт се префрли пред голот на Окта но до полувремето не успеа да направи нешто повеќе. Полувреме 2-0. На стартот на второто полувреме екипата на Маркарт уште во првата минута преку Ристовски успеа да ја намали предноста на Окта на 2-1 и да нападне со цел да дојде до израмнување, сепак ваквата отворена игра и прилегаше на Окта која со удар од далечина успеа да го зголеми водството на 3-1. До крајот на натпреварот екипата на Маркарт беше таа која вршеше постојан притисок и во 37та минута успеа да дојде до израмнувањена 3-3 што ги направи последните минути од овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница поснаодлива беше екипата на Окта која го доби овој натпревар со 4-3.

18 април 2019 - 15:25