Енди Мареј низ солзи кажа дека се повлекува од тенисот

Поради сериозни проблеми со повредите кои го спречуваат нормално да функционира не само на тениските терени туку и во секојдневниот живот, Шкотланѓанецот, некогаш број еден светски тенисер, најави дека во скоро време ќе стави крај на кариерата поради страшни болки.

Кога петкратниот финалист на Australian Open, Енди Мареј утрово ги викнал новинарите на прес-конференција, тоа бил чуден знак (тој ретко зборува со јавноста пред турнирите).

Кога седнал, приметно било дека очите му се црвени и насолзени.

На првото прашање: „Како се чувствувате“? - одговорил: „Не баш добро“. Неколку пати длабоко земал воздух, заплакал и ја напуштил конференциската сала.

Правиот одговор е дека неговото тело не може веќе да ги издржува напорите и дека тој се предава во борбата со повредите.

****

После неколку минути се вратил и се исповедал:

„Извинете. Се чувствувам неважно. Веќе одамна пробувам да се избавам од тоа. Силните болки ми траат веќе 20 месеци. Направив се што е можно за побрзо да се опоравам, но не ми помогна. Подобро ми е отколку пред половина година, но дури и сега болката е силна. Тешко е.“

„Ќе играте ли сега (на Australian Open)?“

- Да, ќе играм. Можам да играм, но не на тоа ниво на кое сакам. Просто не сакам да играм во таков режим. Како што кажав, сторив се за да се избавам од болките. Ништо не помогна.

Некаде во втората половина на декември во време на предсезонските подготовски зборев со мојот тим и им кажав дека не можам вака да продолжам. Ми треба некаков ориентир, некаква крајна точка затоа што невозможно е да се игра со болки. Не знам како ќе се заврши.

Чувствувам дека треба да донесам одлука и им кажав на дечките дека може да играм до Вимблдон, затоа што таму сакав да... (заплакал одново). Таму сакам да завршам со играчка кариера.

Но сега веќе не сум сигурен дека ќе можам да издржам толку (плачел).

„Значи ли тоа дека овој е вашиот последен турнир?“

(во солзи) „Да, веројатноста е голема. Како што кажав, не сум сигурен дека ќе можам уште четири-пет месеци да играм во болкии. Има варијанта да направам уште една операција - многу посериозна, ендопротеза. Тоа би ми ги смирило болките во секојдневниот живот.

Сега сериозно размислувам за таа операција. Неколку спортисти дури и се вратиле после таков зафат. Но никаков гарант нема. Не би ја правел таа операција за да се вратам во спортот, туку да живеам нормално“.

„Тоа значи дека таа операција не е спортска?“

„Да, ќе биде за себе. Просто гледате само кога трчам по теренот и кога одам меѓу поените и сфаќате дека не ми е комфорно. Има и други работи во домаќинството кои тешко ги обавувам. Би било здраво ако можам безболно да се облечам, да облекувам чорапи - такви работи.

Ако решам да ја направам таа операција, ќе сторам се што е неопходно за опоравување после неа. Притоа гледам реално на работите и знам дека после неа враќањето во професионален спорт на високо ниво ќе биде тешко.

Така. Боб Брајан минатата година имаше таква операција после „Вимблдон“ и сега се врати. Со него многу зборував за тоа. Но оптоварувањата се поинакви.“

„Штом дојдовте во Мелбурн, отидовте кај докторот кој минатата година ве оперираше. Може ли да ни кажете што ви кажа тој“?

„Бев кај него вчера. Имам патолошка повреда на десниот бутен мускул (десното бедро). Играв со сериозни болки повеќе од една година. Бедрото ме заболе многу после полуфиналето на Ролан Гарос 2017 против Стен (Вавринка). Просто после тој меч беше неповратно. Веќе не се вратив после.

Операцијата треба да ја исправи состојбата колку може. Болката после неа не се намали и цело време досега се борев со неа. Ограничен сум што можам да правам на теренот. Можам да играм со физички ограничувања тоа не е проблем.“

На Australian Open Мареј според програмата стартува во понеделник против шампионот од Доха и еден од тенисерите со најдобра форма во моментов - Роберто Баутиста Агут. Но како што најави Мареј, тешко ќе му биде воопшто да истрча на теренот а камоли да биде под јак напор.