Единствениот човек на светот што го тепал Федерер 6-0, 6-0

После еден убедлив триумф додека блицеви од апарати светеле во него, Роџер насмеан рекол дека во детството еднаш изгубил катастрофално а детето кое го растурило, денес работи како џандар во Базел.

Во август 1991 година Роџер Федерер дошол во швајцарската општина Прателн на јуниорски турнир. Неколку недели пред турнирот наполнил 10 години и планирал да игра со врсници.

Но на турнирот врсници имало малку, и Роџер преминал во друга, повозрасна категорија. Во првиот круг за противник му се паднал 13-годишниот Рето Шмидли. На таа возраст три години разлика се неверојатно многу - Шмидли бил крупен, многу појак и лесно го скротил малиот Федерер. Мечот завршил понижувачки 6:0, 6:0.

Во 2005. година Федерер самиот се сетил на тој меч кога со таков резултат на еден турнир го прегазил Гастон Гаудио: „Јас никогаш порано не сум изгубил 6:0, 6:0, но во јуниорските денови еднаш изгубив со таков резултат. Мислам дека тогаш и не играв толку лошо. После мечот чудно не бев ни нешто вознемирен“.

Од тогаш до денес Федерер освои 19 „Гренд Слемови“ и стана еден од најголемите играчи во историјата - ако не и најголем. Роџер веќе никогаш не изгубил така (0:6, 0:6): на професионално ниво само шест луѓе му земале сет „на нула“ а само Рафаел Надал го направил тоа во ХХI век - во финалето на Ролан Гарос 2008.

Најтешкиот пораз на Федерер во ATP турот му го нанесе Шпанецот Серхи Бругера - 6:1, 6:1 во 2000. година.

Рето Шмидли, јунакот на приказнава, на тој јуниорски турнир стигнал до финалето, но во професионален тенис не зачекорил. После школото тој заминал во Австралија и пробал да се пробие на некој турнир „Сателити“ (турнир за пониски категории кој не постои од 2006. година). Еднаш стигнал таму до финалето на квалификациите, но не повеќе. После тоа се обидел и на истиот турнир само во Швајцарија и тоа било безуспешно.

Така Шмидли за целиот свој живот не заработил ниту еден бод на рејтинг листата. Меѓу швајцарските тенисери не поминал повеќе од 40-то место.

Наместо да тргне во професионалните води, Шмидли тргнал да студира на спортски колеџ но после пар години сменил насока. Победникот од фамозниот дуел со Федерер станал полицаец - таква желба имал уште откако ја гледал серијата „Коломбо“. Денес тој се грижи за редот и мирот во Балез и игра тенис аматерски за локалниот клуб во возрасна категорија 35+.

Кога Федерер се сетил на овој пораз, Шмидли станал ѕвезда. Раскажувал дека некогаш кога му ги прегледуваат документите го прашуваат: „Слушај, ти да не го победи Федерер 6:0, 6:0?“ Некои се смеат што некогаш го тепал Федерер на тенис еден на еден а сега работи во полиција. Шмидли не се смее баш за тоа.

Неколку пати се сретнал со Федерер кога овој станал суперѕвезда: „Не зборувавме за мечот, но се поздравивме срдечно. Баш се радувам што тој ме памти. Таков човек е Роџер. Многу тенисери се надобудни, а Роџер е скромен, спокоен човек“.

Шмидли додал и дека Федерер во детството многу се разликувал од другите швајцарски играчи, затоа што за разлика од останатите кои само гледале во топчето, Роџер пробувал разни потези. Тоа било знак, а неговиот потенцијал го осознале кога наполнил 14 години.

Шмидли од историскиот меч нема никакви сувенири. Дури и теренот на кој играле го тргнале од тоа место. Сега таму стои продавница за мебел.