Џентлменска и пријателска утеха на Ѓоковиќ

По падот проследен со повреди, Новак Ѓоковиќ годинава се врати во форма и повторно се издигна на посакуваните тениски височини. Ги освои Вимблдон, Синсинати, а синоќа и УС Опен по трет пат во својата кариера.

За Ѓоковиќ е ова е многу важен Грен слем бидејќи ќе се врати во топ 3 на АТП листата, пред Федерер и Надал, а инаку се за работи за вкупно 14-ти во кариерата. Со овој успех тој се израмни со Пит Сампрас, а пред него се Надал со 17 и Федерер со 20 најпрестижни титули.

Аргентинецот Дел Потро го играше своето второ Грен слем финале и беше скршен по мечот кој го загуби со 3:0, а првите утешни зборови му ги кажа Новак со кого важат за големи пријатели. 

Убав гест на Србинот

Беше малку и нервозен поради гласните навивачи на Дел Потро за кои изјави дека го деконцентрирале бидејќи навивале како на фудбал.

Затоа последниот поен беше најсладок

А радоста огромна

10 септември 2018 - 10:42