Циципас не го освои Австралија Опен, но го освои неговата помала сестра

И покрај големата поддршка од трибините, Гркот Стефанос Циципас загуби во полуфиналето од Рафа Надал со 0:3. Најтажна од сите беше неговата сестричка Лиза која правеше шоу во Мелбурн.

Стефанос Циципас, младиот грчки тенисер е најголемо изненадување на Австралија Опен откако стигна до полуфиналето на овој прв Гренд Слем во годината.

Тој има големо и познато семејство. На турнирот во Австралија него го бодреа родителите Апостолос и Јулија, брат му Петрос и илјадници грчки иселеници.

Но најголема и најслатка поддршка Стефанос добива од помалата сестра Елизавет.

Дома го оставиле само 13-годишниот Павлос на кого школото му било „поважно отколку на Елизавет.“

По пласманот во големото полуфинале откако го сруши неговиот идол од детството Роџер Федерер, водителот Џим Курије побарал од него да ја претстави својата ложа: мајка му и татко му стоеле гордо исправени, Петрос за малку не заплакал, но најголема ѕвезда и најгласни аплаузи добила 10-годишната Лиза која Стефанос ја нарекол талисман (маскота) на екипата.

На сите мечеви на Циципас, камерите често ја фаќаат Елизавет во кадар како навива за брат ѝ 

Во полуфиналето кое Надал го доби убедливо со 3:0 против Гркот, малата Лиза имала интересна реакција додека Циципас губел на теренот: 

Стефанос во текот на целиот турнир си играл со помалата сестра: 

25 јануари 2019 - 11:42