Чекај Виолета да ви каже како се сака химна

Белоруската лесно-атлетичарка Виолета Скворцова го освоила златниот медал на Европското јуниорско првенство. Кога ѝ го доделија златото и требаше да се интонира химната на Белорусија, организаторите ја пуштиле химната на Босна и Херцеговина. Виолета тогаш покажа како се сака својата земја, химна и знаме. Европското се одржуваше во италијанскиот град Гросето каде организаторите инсистирале таа да се врати на подиумот или ќе биде суспендирана.