Белорусинката која раскрвавена освои злато во маратон на Европско

Додека читавме како македонската претставничка на трка од Европското во атлетика заврши убедливо последна, па уште и позираше со гест „двоглав орел“ кој знаеме што означува, Белорусинката Мазуренок направи надчовечки подвиг до златото.

На Европското атлетско првенство во Берлин, Белорусинката Олга Мазуренок го освои златото во маратонско трчање откако ја совлада дистанцата за 2 часа и 26 минути.

Но подвигот на Олга не е само обично маратонско трчање.

Веќе неколку дена во Берлин, како и во поголемиот дел од Европа има големи температурни разлики кои не им годеле на маратонците, а во неделата кога женскиот маратон се трчаше температурата покажала комфорни 21 степен.

И покрај тоа, лидерот во женско трчање сезонава, Олга Мазуренок имала проблеми на почеток од трката. После 30 минути од стартот, на Олга ѝ пукнале носните капилари и од нос ѝ потекла крв.

Поранешниот шведски атлетичар Линус Тернблуд во време на преносот на „Евроспорт“ рекол дека течењето крв од нос би можело да ѝ смета на Олга при дишењето.

А Белорусинката немала намера да запре - го бришела лицето со салфетки и ставила тампон. Многумина помислиле дека таа нема да може да се справи со крвотокот но таа продолжила да трча.

На последните километри од маратонот Олга заедно со Французинката Клеман Калвен сериозно се оддалечиле од останатите маратонки.

Во еден момент се случило нешто неочекувано - Олга и покрај неприликите со крвотокот и промашувањето на делницата поради невнимание на судиите, последните стотина метри ги истрчала надчовечки и заслужено го освоила златниот медал.