Алкалоид со пресврт славеше против СЦ Борис Трајковски

Првото коло во Бизнис лигата го комплетираа уште и минатогодишниот финалист Лукоил кој со висок триумф стигна до три бода против Sparkasse, а ONE и ЕВН одиграа без победник.

ONE и ЕВН ги поделија бодовите
ONE 2-2 (1-0) ЕВН
ONE: Слободан Кекеновски 18’, Дарко Таневски 39’
ЕВН: Илија Мандаров 27’, Бојан Маџовски 36’

Во текот на целото прво полувреме и двете екипи играа доста брз и отворен фудбал со многу шанси за гол на двете страни. Но, голманите на двете екипи одлично ја вршеа својата работа, се до последната минута од полувремето кога беше надмудрен голманот на екипата на ЕВН за екипата на ONE да замине на полувремето со 1-0. Во второто полувреме ЕВН со два гола едноподруго го презеде водството и се чинеше дека го има натпреварот во своите раце. Но, ONE во своите редови го имаше расположениот Дарко Таневски кој буквално во последната минута постигна погодок за реми на крајот од овој натпревар (2-2).

Лукоил доминантен во дуелот со Sparkasse
Лукоил 8-3 (3-1) Sparkasse
Лукоил: Дејан Зиков 4’, 24’, 32’, 40’, Владимир Секуловски 7’, Игор Дамјановски 14’, Љупчо Апостоловски 30’, Гоце Мојсоски 37’
Sparkasse: Владимир Симоновски 9’, 37’, Филип Чижбановски 25’

Одлична игра во првото полувреме прикажа екипата на Лукоил, која во дуелот со Sparkasse ги искористи сите свои шанси и не дозволи Sparkasseда има течен напад, па така на полувремето замина со два гола предност (3-1). Во второто полувреме ланскиот финалист имаше апсолутна доминација, го контролираше како нападот, така и одбраната и извојува убедлива победа од 8-3.

Фуриозен финиш на Алкалоид во дербито со СЦ Борис Трајковски
Алкалоид 7-5 (1-3) СЦ Борис Трајковски
Алкалоид: Оливер Христовски 8’, Николче Дамјановски 24’, 35’, 38’, Стефан Димовски 34’, 40’, Дарко Стефков 38’
СЦ Борис Трајковски: Влахо Костов 1’, Јован Димовски 3’, 27’, 33’, Љубомир Стојановски 17’

СЦ Борис Трајковски во дуелот со Алкалоид прикажа одлична игра, пред се во делот на нападот каде што створи одлични шанси за гол кои ги реализираше. Кај Алкалоид беше воочлив недостатокот на концентрација, па на полувремето се отиде со 1-3. Во второто полувреме Алкалоид влезе доста посконцентрирано со голман-играч во своите редови, што вроди со плод за намалување на резултатот на 2-3. Но екипата на СЦ Борис Трајковски го имаше во своите редови расположениот Јован Димовски, кој едноставно имаше своја вечер, се до 36’ кога Алкалоид целосно се врати во натпреварот, направи пресврт и го доби овој натпревар со 7-5.

8 октомври 2014 - 23:37