34.798 мечиња фрлени на хокеарски натпревар во САД

Традицијата стара повеќе од 25 години значи секој декември околу Божиќ, на еден хокераски дуел во Америка на мразот да се фрлаат илјадници плишани мечиња и играчки. Сите одат во благотворни фондови за деца.

Во 10’ минута од меч во АХЛ меѓу Херши и Бирмингем на мразот паднаа илјадници плишани мечиња и играчки. Ова се случи откако напаѓачот на домашните Рајли Барбер го постигна првиот гол за својот тим на мечот:

Оваа традиција не е поврзана со прекарот на Вашингтон - Bears (Мечките).

Хуманитарната организација Teddy Bear Toss се појавила во 1993 година. Неа ја основал Дон Ларсон, директор по маркетинг на клубот Кемплупс Блејзерс од Западната хокеарска лига.

Навивачите предложиле да купат мечиња и играчки и да ги фрлат на мразот кога домаќинот ќе го даде првиот гол на мечот. Тогаш собрале стотини играчки коишто подоцна биле донирани во благотворни фондови за децата.

Оваа традиција брзо ја прифатиле сите хокеарски лиги во Северна Америка, освен НХЛ каде не е дозволено фрлање предмети на мраз. Вакви акции прифатија и навивачите во Шведска и Австралија.

Акцијата се смета за Божиќна и затоа се организира претежно во декември. Годинава клубот Херши постави рекорд со собрани неверојатни 34.798 мечиња. Претходниот рекорд датира од 2015 година кога на меч НА Калгари Хитмен (WHL) гледачите фрлиле 28.815 играчки.

Херши минатата година му се приближил на рекордот но не го срушил (тогаш дарувале 25.017 мечиња). 

Годинава акцијата ја поддржал и партнерот на клубот ComunityAid кој одвојувал по 50 центи за секое дарено плишано мече.

Херши е клуб филијала на Вашингтон, гигантот кој го освои Стенли Купот 2018. Херши е најтрофеен тим во АХЛ. Освоил 11 титули од кои 3 во XXI век (2006, 2009, 2010). Сезонава „мечките“ почнале слабо и се последни на табелата во својата дивизија. Но тоа не сметало на акцијата Teddy Bear Toss и новиот рекорд со плишани мечиња. А на крајот Херши победил 6:3.

5 декември 2018 - 09:48