Најважни бројки во кариерата на Федерер

2017 а Роџер игра како во младоста

Скоро и да нема рекорд кој не го поставил, срушил или има намера да го надмине. Кои се најважните достигнувања во кариерата на Швајцарецот?

- 19 освоени Гренд Слема од кои 8 пехари на Вимблдон освои Федерер во кариерата;

- Стана првиот тенисер во историјата кој 8 пати го освоил Вимблдон. Го сруши рекордот кој го делеше со Пит Сампрас и Вилијам Реншоу;

- На 35 години и 342 дена Федерер стана највозрасниот шампион на престижниот Ол Ингланд Клуб. Претходен рекордер беше легендарниот Артур Еш кој во 1975 го кренал трофејот на 31 година;

- 41 година никој не го освоил Вимблдон без да изгуби сет. Последен кој го направил тоа бил Бјорн Борг во 1976 година. Ова е втор Гренд Слем во кариерата на Федерер освоен во таков стил (во 2007-ма не загуби ниеден сет на Australian Open-2007);

- Триумфот на Вимблдон беше 5-та титула на 7 турнири годинава. Роџер изгуби само во Дубаи од 116. тенисер на светот Евгениј Донској и во Штутгарт од 302-от тенисер на АТП листата, Томи Хас;

- Рекорден 102 меч на Вимблдон играше Федерер со што го израмни достигнувањето на Џими Конорс;

- 1111 победи во кариерата има Федерер сега после добиеното финале против Чилиќ и 247 порази вкупно;

- 2 Гренд Слема во една сезона Федерер освои за првпат после 8 години - таков дубл имаше во 2009-та кога ги освои Ролан Гарос и Вимблдон. По тој учинок го надмина Рој Емерсон;

- Федерер стана втор на вечната листа после Род Лејвер којшто после 30 години освоил повеќе од еден Гренд Слем во сезоната. Лејвер во 1969 имал 31 година кога собрал календарски Гренд Слем;

- Роџер наскоро ќе стане третиот тенисер на светот според АТП ранг листата. Последен пат во Топ-3 беше пред 11 месеци кога после Вимблдон направи подолга пауза и ја заврши сезоната поради повреда;

- 0 бодови брани Федерер до крајот на сезоната. (Ендри Мареј брани 5.460, Новак Ѓоковиќ 3.740, Стен Вавринка 2.990, Рафаел Надал 370);

17 јули 2017 - 14:54