Врвната одбрана на Митревски за победа на Македонија

Имаа Турците во последната секунда од мечот шанса да го израмнат резултатот, но фантастичниот Никола Митревски одбрани и ја сочува победата на Македонија која со овој триумф и математички обезбеди пласман на Европско 2020 година кое ќе се игра во три земји.

Европското првенство се игра од 9 до 26 јануари 2020-та во Австрија, Норвешка и Шведска.