РК Загреб последен пат изгубил во првенство пред 12 години

Во една од своите сјајни колумни, Борис Дежуловиќ прави осврт на бесмисленоста на хрватската ракометна лига во која неприкосновениот РК Загреб до ден-денешен има 237 победи по ред. Не изгубил од 2007-ма.

Македонија го има европскиот ракометен шампион, а Хрватска има клуб којшто не знае што е тоа пораз во домашната ракометна лига. И тоа доволно говори за смислата на клупскиот ракомет во земјата која прослави огромен број медали, пехари, трофеи на репрезентативен план.

На 13 април 2007-ма година, РК Загреб ремизирал 31-31 во Пореч против истоимениот клуб.

Од тој петок 13-ти, 2007-ма година, кога уште беа живи Борис Јелцин и Ивица Рачан, а Фејсбук уште беше само студентска заебанција од Харвард, РК Загреб одиграл 234 меча и победил 234 пати со гол разлика +2.850, пишува Дежуловиќ.

РК Загреб, откако Хрватска е независна држава 28 пати бил шампион во, пазете, 28 изданија на лигата.

Причината Дежуловиќ да се позабави со оваа необична тема била тоа што додека се возел во кола, на радио слушнал пренос од, како што рекол коментаторот „хрватскиот ракометен класик и вечното дерби“ меѓу РК Загреб и РК Нексе во полуфиналето на хрватскиот Куп.

Дежуловиќ помислил дека Нексе е некој норвешки клуб, а дури подоцна сфатил дека тоа е клубот од градот Нашиќ. Решил да провери и зошто е тоа “хрватски ракометен класик“ ако Загреб не знае за пораз повеќе од 12 години.

Никогаш во историјата, ракометниот клуб Нексе ниту во првенство ниту во Куп не го победил Загреб (досега одиграле 33 меча меѓу себе) па чуди како коментаторите најавуваат некаков си класик и дерби на хрватскиот ракомет.

Дежуловиќ се чуди како додека пројдоа цели кариери на Кристијано Роналдо и Меси, додека се измислија Ајфон и Инстаграм, додека се смениле пет хрватски премиер и тројца претседатели, ракометарите на Загреб уште не изгубиле ниеден единствен бод.

„Од каде уште имаат волја воопшто? Како може на играчите на Загреб уште да им се игра таа лига или Куп. Од кај имаат волја и викендов да излезат од својот дом, да се возат четири-пет саати со автобус, па уште четири-пет саати назад до Загреб? Како не оддолеваат на пример да пуштат во Умаг на меч кој ама баш никому ништо не значи? Онака, од чиста заебанција да видат како изгледа тоа млад човек да види како изгледа семафорот кога Умаг го победил Загреб“, иронично забележува Дежуловиќ.

Целата колумна тука