Им ставаш 150 денари карта и пак прават фалсификат

И кога победува и кога губи, и кога е евтино и скапо, и кога е клуб или репрезентација, мора, ама мора да има некоја глупоштина на нашата спортска сцена. Овој пат во режија на (не)луѓе кои сакаат да гледаат ракомет, ама да не платат.

Додека Кире и другарите синоќа почнаа да ја полнат мрежата на Турците, а салата крцаше и се даваше максимално јака поддршка за момците на Гонзалес, пред вратите на салата Боро Чурлевски се случуваше македонската.

Стотици луѓе со купени карти едноставно не можеа да влезат.  По 13 години ти доаѓа македонската ракометна репрезентација во Битола, купуваш карта за да ја бодриш во живо и не те пуштаат на врата со карта.

Ситуацијата била до толку апсурдна, што луѓе со купени карти останале надвор бидејќи салата веќе била полна. Колку и да човек не прати и едноставно не го интересира спорт, ќе сфати дека или се влегувало гага или се појавиле дупли карти.

РК Пелистер излезе со соопштение во кое се извинува, потоа обвинува за фалсификат и известува дека парите на оние кои останале со неискористени карти ќе им ги врати назад.

Значи 150 денари беше карта, но и покрај тоа некои торковци со образ ЃОН, решиле да штампаат фалсификати и да им го упропастат ќеифот на искрените љубители на ракометот. За срамот да биде поголем, дел од парите се наменети во хумани цели.

Соопшението на РК Пелистер ви го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Искрени и чесни љубители на ракометот, во Битола беше празник на ракометот по 13 години Македонска репрезентација во храмот на ракометот во Македонија!

И покрај многубројните известувања и соопштенија веројатно постојат и многу луѓе кои не научиле што е спотска култура и меѓународен спортски натпревар, не научиле дека на спортски натпревар се влегува со карта, картата важи за едно лице, истата треба да е оргинална, а не фалсификат !

Уште еднаш јавно се извинуваме до сите искрени и чесни љубители на ракометот кои купија карта, а не беа во можност да влезат и присуствуваат на натпреварот Македонија – Турција, затоа што некои други несовесни гледачи го зедоа нивното место, за сите нив кои имаат уредно купена карта ги покануваме од утре 27.10.2018 од 09 часот на истото место каде ги купиле картите да ги вратат и парите бидат рефондирани.

Ве известуваме дека како организатори дел од средствата ќе ги донираме за Сара Настевска.

Спортски поздрав.

Се огласи и РФМ