Идол на сите генерации

Осминафиналето во ракометната Лига на шампиони стартуваше со македонска пресметка меѓу Филип Талески и Кире Лазаров. Битката на првиот дуел ја доби помладиот (Рајн Некар - Нант 34:32), а респектот во САП арената во Манхајм беше за Кире Лазаров на кој гостински навивачи, веројатно македонци, му подготвија транспарент.

На мечот имаше и една ретко видена ситуација во ракометот. Судијата му помогна на Рајн Некар да постигне гол за 30:26, инаку топката ќе отидеше во аут.

21 март 2019 - 09:36