Екипа со два озбилни играчи, сè друго не би играло во четврта француска лига

Не е срамота да се изгуби, него како се губи е муабет од кој треба да се тргне со правење анализи и стратегии за иднината на македонскиот репрезентативен ракомет.

„Без да се бара виновник у играчи, селектор, овој или оној. Него само да ги поздравам дежурните на социјални мрежи и по порталите кои се испотепаа пишувајќи како Македонија е неоправдано изоставена од ова Светско Првенство... да видат колку далеку у реалноста е уствари од СП. Нема виновник, ова е екипа со два озбилни играчи, све друго не би играло у четврта француска Лига. А у ово второ и тие седнаа на клупа. Само на милоста на Парондо сме. Вака на времето Аустралија беше... среќна ако прејде десет гола“

„Столе Стоилов тежи две титули Лига на Шампиони. Киро Лазаров има една ама е најдобриот стрелец у историјата на овој спорт. Што му згрешиле на Бога и со што ли заслужиле да се најдат у ваква екипа на безмудаши и аматери? Не е срамота да се изгуби... него како се губи. Мене ми е срам“.

Таки Бошкоски

16 јануари 2021 - 20:29