Навивачи

Штама меѓу Делии во чест на починатиот Партизановец

Големото градско ривалство во Белград синоќа барем за момент беше во втор план. На мечот од Евролигата меѓу Црвена Ѕвезда и Басконија, цела Штарк арена го испочитува поранешниот играч на Партизан, Дејан Милојевиќ кој почина од инфаркт на само 46 години.

Убавината на баскиското дерби

Во осминафинале на шпанскиот Кралски Куп Атлетик Билбао со 2-0 го совлада Алавес во баскиското дерби. Стрелец на двата гола беше Асиер Виљалибре а пред мечот навивачи на двата тима свиреа на традиционалниот стар баскиски инструмент Чалапарта.

„Немате толку обезбедување колку што имаме ние знамиња“

Македонските навивачи се соочиле со неочекуван проблем пред влезот на „Мерцедес Бенц Арена“ во очи на мечот против Германија. Знамињата со 16 краци им ги одземале на врата. Информацијата ја сподели еден од нашите најверни навивачи, Наце Митев кој им испрати порака на домаќините и кој успеал да внесе едно.

Само во Ниш го имаше ова

Србите на Европското 2012 едногласно констатираа: Македонија е како домаќин на првенството. Дури и членовите на бендот се во македонски дресови. Бесценети мигови.

Лацио пак ја доби Рома, Мурињо ги смируваше тифозите

Со голот на италијанскиот репрезентативец Ѕакањи од пенал во 51’ минута Лацио минимално со 1-0 ја победи Рома во вечното римско дерби и се пласираше во полуфинале на Купот каде ќе го чека подобриот од дуелот Јувентус - Фрозиноне.

Сте ја виделе ли буквата Т на Алијанц Арена во Минхен

Во 2005-та година Баерн Минхен се пресели на новата и велелепна „Алијанц Арена“ и веднаш претстави една воочлива карактеристика на стадионот.

Шут за 100.000 долари

Едно време за оваа забава на полувреме во НБА даваа по 10 бона, ама сега ја појачале сумата со уште една нула, за да ти биде 10 пати повеќе криво ако промашиш. Навивач на Лејкерски се проба од пола терен и мапгупски ја исполни задачата.

Денвер го има Јокиќ, Феникс има велемајстор на трибини

Дур кошаркарите земат здив на полувреме во НБА, постојат разни ликови во сала, кадарни за секаков вид на забава. Пазете го овој како ја искористи можноста да биде десетина секунди во кадар. Се прерадува ко Санси титула да освоиле.

Сјајната атмосфера на вечното дерби во режија на Делиите

Во големото белградско вечно дерби во 19. коло од кошаркарска Евролига, Црвена звезда со 88:72 го совлада Партизан и ја забележа и втората победа по ред по онаа со Фенербахче во Истанбул. Во белградска „Арена“ вриеше како во котел.

Најдоброто меѓу навивачите за 2023-та

Добро познатиот Јутјуб канал за навивачка содржина „Ултрас Ворлд“ повторно ги прогласи најдобрите навивачки групи и изданија за годината што измина. Како и минатата година така и сега на самиот врв заслужено се Мароканците од Видад Казабланка а во Топ10 се уште и Базел, Хамарби, Динамо Дрезден, Црвена Звезда, Славија Прага, Раџа Казабланка, Рапид Виена, Олимпик Марсеј и Легија Варшава.

Преубава документарка за Осасуна

Во океанот вести за најбогатите и најголемите клубови од кои веќе се заситија многу љубители на фудбалот, Копа90 снима документарка за една баскиска гордост а да не е Атлетик Билбао. Прекрасна приказна.

Илјадници плишани мечиња за деца од навивачите на Партизан

На мечот меѓу Партизан и Виртус Болоња (75:77) во Евролига, навивачите на белградскиот тим направија прекрасен призор со илјадници фрлени плишани мечиња на паркетот, како новогодишен подарок за децата од социјално загрозените семејства. Притоа компанијата НИС (Нафтна индустрија Србије) најавила дека за секоја играчка на паркетот ќе донира по 1.000 динари за да се купи зимска облека и чевли за деца од социјално загрозените семејства.

Стопер, бек и аниматор на навивачи

Во фудбалската Про лига во Белгија, прв е Унион Сен Жилоа со 48 бода, втор изненадно и неочекувано најтрофејниот Андерлехт кој со години е во резултатска криза а сега освоил 42 бода на 20 меча. На четврто место е Генк кој со 34 бода конкурира за место во еврокуповите следна сезона и кој во својот штопер Марк Мекензи од САД го има најдобриот аниматор за навивачите.

Најчудниот стадион во Велика Британија

Стадионот „Овал“ во Белфаст, Северна Ирска важи за еден од помистериозните фудбалски стадиони во Велика Британија. Еве и зошто:

Германските навивачи се од некоја друга лига

Навивачите на Унион Берлин му даваат поддршка на тим за играчи до 19 години на футсал натпревар. Нема што да коментираме и споредуваме. Културолошки ова е несфатливо за нас. Кој знае колку им е јако на децава.

Како навивачите на Борусија ја спремаа прекрасната роденденска кореографија

На Борусија Дортмунд и се падна годината да ја заврши на 19 декември против Мајнц, токму кога клубот слави 114 години од основањето. Навивачите им се неприкосновени за кореографии. Погледнете како работат на случајот по хангари, за на крај да создадат величествена атмосфера.

Стара кајла на денот

Норич со 2-0 го победил Хадерсфилд во 23. коло од англиската втора лига Чемпионшип. Ама тоа не му било многу важно на една стара кајла, навивач на гостите од Хадерсфилд.

Најмилото празнично видео го има Атлетико Мадрид

После 18 одиграни кола во шпанската Ла Лига, Атлетико Мадрид е трет на табела со 38 освоени бода, седум помалку од првопласираните Реал Мадрид и Жирона. Маркетинг тимот на Атлетико Мадрид во меѓувреме сними прекрасно празнично видео кое ги стопли навивачите.

Незаборавната навивачка изведба на Џингл белс

На 19-ти декември 2009-та година кога Борусија Дортмунд славеше 100-годишнина од основањето, на околу 14 степени Целзиусови, цел стадион ја пееше Џингл-белс во еден глас. Сцена која ретко се доживува.

Навивачите на Рајо да ти биле добри психолози

Рајо Ваљекано е забавен клуб со интересни навивачи. Екипата на нашиот Столе Димитриевски од година во година игра речиси исто: ќе ги победи Барселона и Реал Мадрид, ќе биде при самиот врв неколку кола и после ќе им почне падот. Сега имаат четири порази на последните седум меча и се на 11-то место на табелата. Навивачите од групата „Буканерос“ кои важат за тврди левичари на синоќешниот меч со Валенсија извадиле убава утешителна парола.

Силни емоции на тифозите на Болоња и Лацио за Синиша

Пред, за време и по натпреварите Болоња - Рома (2:0) и Лацио - Интер (0:2), домашните клубови и навивачи се сеќаваа на саканиот Синиша Михајловиќ кој замина пред една година.

Делии им го плеснаа на Англичаните со потсетување на Ѕвезда 1991

Без разлика што Црвена Ѕвезда освои само 1 бод, нивните навивачи се секогаш во топ форма, посебно на вакви големи натпреварувања. Го потсетија ултра богатиот Манчестер Сити, во какво време нивниот тим го освои светот. Плус им здиплија и знаме на гостите.

Навивачите на Баерн ги реметеа Англичаните со песната “It’s coming home”

Очајот на Манчестер Јунајтед продолжува, овој пат со елиминација во групната фаза во ЛШ и тоа на последно место со кое не продолжуваат ниту во ЛЕ. Бркаа победа над Баерн, а загубија 0:1 и плус требаше да трпат трол среде Олд Трафорд.

Најјаките ултраси за 2023-та

Земјата е Чешка, клубот е ФК Свата, а тие во публика се навивачи број 1 на годината во светски рамки. Точка. Ги имаат сите предиспозиции, знаме, пароли, пиротехника, тапан и што е најважно страст за навивање, како и се разбира трибина каква што нема никој друг на планетава.