Навивачи

Дивјачки напад врз судија во Узбекистан

Вакви сцени за среќа веќе одамна нема во нашите балкански трети, четврти лиги каде обично на судиите пред да гостуваат им фрлаа водичка за среќа. На решавачкиот меч за пласман во прва лига на Узбекистан меѓу Нефтчи и Туран се случил варварски напад на судијата кого стотина морони го бркаат и тепаат по теренот небаре е волк кој дошол да им ги краде овците во село.

Интер разбуден во Германија сред ноќ со огномет, петарди и лукава парола

Оваа појава е така честа ширум Европа, ноќта пред мечот ѓаволски да се буди противникот со топовски удари во ниедно време пред хотелот каде спијат, што чуди како досега никој не помислил да го обезбеди просторот околу. А во Менхенгладбах биле исплашени фудбалерите на Интер кои вечерва играат против Борусија во Лига на шампиони.

Ново ремек дело на медиа-тимот на Ајакс Амстердам

Вечерва во Лига на шампиони на „Енфилд Роуд“ ќе играат Ливерпул и Ајакс во меч кој може да биде клучен и за двата тима за пласманот во нокаут фаза. Ливерпул има 9 бода и е прв, а Ајакс и Аталанта имаат по 7 бода што значи дека сите варијанти се отворени.

Хаотична навивачка пресметка во Штип, полицаец повреден со факел

Додека второлигашкиот дуел меѓу Брегалница и Тиквеш се играше без публика поради Ковид мерките, двете навивачки групи Фаланга и Лозари се пресретнаа на улица и влегоа во опасен клинч и тоа не со голи раце, туку со стапови и палки или што и да се.

Неапол гори во чест на Марадона

Поинаку од нив и не се очекуваше, бидејќи Марадона им е безвременски идол и симбол со кого ги освоија половина од трофеите во нивната историја. Пет трофеи им донесе меѓу кои две Скудета во 1987-та и 1990-та кои никогаш нема да ги заборават.

Една слика илјада зборови

Аргентина е обединета како никогаш во својата историја. Обединета во болка за својот најголем син - Диего Армандо Марадона. Дури и смртните ривали Бока и Ривер заедно жалат за иконата на светскиот фудбал.

Англичаните пресреќни - им го враќаат тоа што најмногу го сакаат

На Британец можеш да му земеш сè, само правото да се напие пиво и да гледа фудбал не. Од тоа беа лишени од март месец од кога речиси сите европски стадиони се затворени за публика поради коронавирусот. После долги и напорни месеци, допуштен е ограничен влез на стадионите.

Добро де само другарка ти е, знаеме

И сега чаре? Ќе го бараш камерманот да ја брише лентата? Џабе друже, во живо е мечот, плус ако имаш дома опција за враќање назад на телевизорот, има скрин шот да направи жена ти.

Македонија ќе добие по 20.000 карти за секој меч на ЕВРО2021

Колоните македонски навивачи, ако конечно заврши глобалната пандемија, следното лето ќе ги обојат трибините на 2 преубави стадиони.

Единствениот навивач кој ги испрати хероите во Тбилиси

Македонската фудбалска репрезентација доцна синоќа слета во Приштина, поради магла во Скопје и беше пречекана на граница од владина делегација и медиуми. Но да видиме како изгледаше испраќањето на скопскиот аеродром на нашите јунаци.

Страствен навивач на Македонија до коска

Дејан царе, ти посакуваме да се вратиш дома со пласман на ЕП и догодина да ги бодриш на лице место.

Ако можат театри и кина да бидат отворени, зошто не и стадиони?

Во Англија се поведе голема дебата околу двојните стандарди на властите во однос на мерките и протоколите во борбата против глобалниот вирус.

Кулушевски му подарил дрес на Охриѓанец кој веел македонско знаме

Охриѓанецот Марјан Кикески доби најубав подарок откако синоќа на мечот Ференцварош - Јувентус во Лига на шампиони, одигран пред гледачи, доби дрес од ѕвездата на Јувентус.

Сити Парк Бојс во чест на Гокси

Новата сезона во кошаркарското првенство почна килаво, со задоцнување, препукување за кога и како да почне и се разбира без публика поради срањето кое годинава го искомпликува животот. Но се најде начин да му се оддаде почит на Гокси, на местото каде што уживаше да биде секој викенд.

Во Џенова слета факел на терен, а немаше навивачи

Градското дерби Џенова - Сампдорија заврши 1:1, Пандев го одигра цел натпревар, а негов удар кон гол во магла се гледаше во пренос поради факел, веројатно лансиран од зад трибини. На беше трибини беше празно, а судијата покажуваше нагоре со прстот.

Се одјави Гокси - скопска легенда и еден од основачите на Комити

Еден од основоположниците на македонската тифо сцена, Горан Костадиновски - Гокси утрово на 51 година почина во Скопје. Беше меѓу основачите на навивачката група „Комити“ а подоцна и идеен творец на групата „Сити Парк Бојс“.

Незапаметен спектакл на Торцида Сплит

Најстарата навивачка група на Балканот и една од најстарите во Европа, сплитска Торцида деновиве одбележува јубилеј 70 години од своето основање. Синоќа на полноќ направија чудесија од пиротехника - цел град гореше.

Во Бугарија крцати трибини среде пандемија

ЦСКА Софија после х години се пласираше во групна фаза на еден еврокуп. Вечерва во 1. коло од Лига Европа играа дома против Клуж и изгубија 0:2. Од клубот пред 1 недела најавија дека максимално 12.824 гледачи ќе можат да го следат натпреварот со почитување на мерките. Ама очигледно 12.000 дојдоа на една трибина па крцаше. Ни маски ни бутур.

Навивачите на Ливорно стадионот го претворија во гробишта

Пред 13 години играа во Куп на УЕФА, а сега се третолигаши со неизвесна иднина дали воопшто ќе постојат поради финансиските проблеми кои ги имаат. Нивните навивачи познати пo својата политичка определеност, се истакнаа со морбиден потег.

Да не ве изненади ако во распоред видите Фе - Барселона

Шпанскиот прволигаш и повремен учесник во Лига Европа, Хетафе, одлучил привремено да го смени името на клубот, па до следниов викенд и мечот против Барселона во Ла Лига, ќе се вика Фе. Овој збор „Фе“ во шпански значи верба а управата соопштила дека се решиле на ова за да им помогнат на сите кои во 2020-та година поминуваат низ тешко време поради глобалната вирусна пандемија, како и на навивачите да веруваат во триумф над Барса.

На улиците на Лос Анџелес ечеше „Коби, Коби“

Предводени од неверојатниот тандем Дејвис - Џејмс, ЛА Лејкерс ја освоија првата титула после цели 10 години, а вкупно 17-та во историјата на франшизата. Се израмнија по број на титули со Бостон Селтикс благодарение пред сè на Леброн кој одигра лудачко финале.

Жестоко е на граница, Косово испратено со голема поддршка

Во ситуација кога не можат да дојдат на стадион, навивачите на Косово се решија поддршката на нивните репрезентативци да им ја дадат денеска пред да ја минат границата со Македонија. И тоа со сите нишани, со навивачки песни и бакљи, а и по некој погрден збор за противникот.

Среќен крај на приказната: Озил ја спаси маскотата на Арсенал и ќе плаќа плата

Легендарната маскота Ганерсаурус доби отказ од клубот поради кратење на трошоците поради глобалната пандемија. Синоќа стигна вест дека Месут Озил ќе дава од џеб за плата за маскотата.

Навивачката пратња на Аталанта

Што е со оваа Аталанта? Завршија трети со повеќе голови од Јуве и пласман во четвртфинале во ЛШ и тоа уште во деби настапот. Сезонава пак ги здробија сите први три противници, ама убедливо во нивен стил. Лацио 1:4, Торино 2:4 и Каљари 5:2.